Старите добри филмови кои ќе ве мотивираат и инспирираат

Доколку не можете да се одлучите за ниту еден викенд филм кој би сакале да го погледнете, тогаш со сигурност лесно ќе се одлучите кога станува збор за класици.

starite-dobri-filmovi-koi-kje-ve-motiviraat-i-inspiriraat-001

Луѓето сѐ уште обожаваат да ги гледаат токму класиците, не заради носталгија, туку повеќе заради тоа што тие се сплет од приказни кон кои сме животно приврзани.

Секојпат кога ви е потребна инспирација или дополнителна мотивација со сигурност ќе ја пронајдете помеѓу овие пет фантастични филмови:

1. „Волшебникот од Оз” (Тhe wizard of Oz)

Без сомнение, не постои човек кој не ја познава малата Дороти која од својот дом во Канзас магично заврши во светот на волшебникот од Оз. Во текот на своето патување, Дороти се среќава со најразлични ликови и картери од добрите па се до оние лоши, негативни личности.

Овој филм нè учи да ги прифатиме луѓето онакви какви што се, нè учи да си дозволиме да сонуваме и секако дека не постои ниедно друго место како дома.



2. „Пепелашка” (Cinderella)

Уште една приказна која ни е добро позната и е раскажувана децении наназад низ времето. Приказната за Пепелашка е можеби една од најинспиративните приказни на сите времиња која нè учи дека без разлика од каде доаѓаме, доколку веруваме во себе и нашите соништа и останеме позитивни на крајот ја наоѓаме среќата. Добрите нешта се случуваат на оние кои се трпеливи.



3. „Прекрасен живот” (It’s a wonderful life)

Со децении најдобар божиќен филм е токму филмот „Прекрасен живот”. Кога го гледате овој филм, всушност вие учите значајни и вредни животни лекции и истиот е преполн со инспиративни цитати. Најважно од се овој филм не учи дека животот има цел, која иако не секогаш ја забележуваме, сепак сме благословени што воопшто ја живееме.



4. „Однесени со виорот” (Gone with the wind)

Прекрасна романса, која истовремено нè учи дека не секогаш во животот треба да очекуваме среќен крај и дека навистина треба да го заборавиме минатото. Никогаш не треба да се откажувате и секогаш треба да барате прошка за своите грешки е токму она што овој филм настојува да го изнесе на површина.



5. „Брилијантин” (Grease)

Тинејџерскиот мјузикл без кој не можевме да си ги замислиме нашите викенди. „Брилијантин“ е симбол за инспирација кој нè учи дека секогаш треба да бидеме вистински и искрени кон себе и другите, но и нè учи за важноста на вистинските пријателства. Сето тоа споено со незаборавни песни, овој филм е подготвен да ви ја пружи потребната мотивација.

Кој е вашиот омилен класичен филм?

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg