Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Топ 5 филмови со ист наслов, а различна содржина

Сигурно ви се случило да кажете или да напишете наслов на некој филм за кој ви зборувале дека е добро да го погледнете или пак вие сте изразиле желба, а кога ќе го пуштите да видите нешто сосем различно од она штоп го очекувате.

top-5-filmovi-so-ist-naslov-a-razlicna-sodrzina-01

Денес со оглед на достапноста на интернетот и YouTube лесно може да го проверите трејлерот и да не направите грешка. Сепак интересно е да се споредат филмовите кои имаат ист наслов, а различна содржина.

1. „Frozen

Замислете дека седите со семејството и гледате волшебна приказна за некоја принцеза која зборува со снешко и знаете дека сте го пуштиле анимираниот детски филм Frozen од 2013 година.

Но, ако наеднаш во приказната се вмешуваат тројца заглавени на ски-лифт премрзнати до смрт и со опасност да бидат изеден од волци, тогаш сигурно сте го смешале со Frozen од 2010 година.


2. „Twilight

Некои се воодушевуваат на вампирската љубов и цицањето на крвта, па сигурно би го одбрале филмот со Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт од 2008 година. Но, има такви кои се сеќаваат и на приказната за пензионираниот полицаец кој живее со богат глумец болен од рак од 1998 година.


3. „Déjà vu

Ироничен наслов. Филмските фанови сигурно прво ќе се сетат на филмот со Дензел Вашингтон од 2006 година. Но, има филм со идентичен наслов од 1997 година кој ја прикажува љубовната афера меѓу верената сопственика на една продавница во Лос Анџелес и оженет Англичанец.


4. „Possession

„Possession“ е популарно име за неколку филмови, но два од нив драстично се разликуваат. Во едниот од 2009 година, каде главна женска улога има Сара Мишел Гелар и сведок е на замената на идентитети помеѓу нејзиниот сопруг и неговиот брат откако по една сообраќајна несреќа ќе бидат во кома. Некои дури сметаат дека тоа е нејзина најдобра улога.

Од другата страна стои филмот од 2002 кој е релативно романтична драма во која главни улоги се Гвинет Палтроу и Арон Екхарт како детективи кои откриваат еротски писма, во викторијански стил кои прикажуваат љубов која го надминува времето.


5. „The Deep Blue Sea

Во првата верзија на филмот главна женска улога има Рејчел Вајз и филмаџиите можеби ќе очекуваат приказна за жената на адвокат фатена во сопствената љубовна афера со пилот.

Она што е можно да го добиете како филм ако го кажете само насловот во некоја дивидитека се многу ајкули, многу крв и многу тунели.

Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во глав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg