Топ 5 филмови со Зое Салдана

Зое Салдана, 36-годишната чоколадна убавица, до сега зад себе има неколку десетици филмски остварувања со светска слава.

top-5-filmovi-so-zoe-saldana-01.jpg

Американската актерка се појавува во филмски хитови како Star Trek, Avatar и Pirates of the Caribbean, а за прв пат на филмското платно се појави во 1999 година како дел од серијата Law & Order.

Од тогаш до денес нејзината кариера оди во нагорна линија, а ова се нејзините топ 5 филмски појавувања кои вреди да ги погледнете:

Center Stage

Ако сте љубител на танците и балетот, ќе го обожавате овој филм со кој Зое ја започна кариерата. Објавен во 2000-та година, раскажува приказна за група тинејџери запишани на балетска академија кои минуваат огромен број битки борејќи се за своето место на светската балетска сцена.


Guess Who

Хумористична романса во која Зое е темнокожа девојка која се заљубува во белец. Чувствува дека ја пронашла љубовта на својот живот, па затоа решава да го запознае со своето семејство. Работите се совршени, сè до моментот кога нејзиниот татко открива дека момчето е со бела боја на кожата. Од тогаш започнува серија настани кои ќе ве насмеат до солзи.


Death at a Funeral

Уште една фантастична комедија која започнува со трагедија проследена со црн хумор. Главното дејство се одвива на погребот на кој присуствува едно навидум обично семејство. Но, како што минутите одминуваат овој погреб се претвора во дебакл за откривање на темните, скриени семејни тајни.


Colombiana

Акцијата која ја одбележи кариерата на Зое раскажува приказна за младо, напуштено девојче кое прераснало во бестрашен убиец. Сега, како веќе израсната жена, таа се труди да ја одмазди смртта на своите родители соочувајќи се со големи предизвици, неизвесни ситуации и криминални банди кои се главни виновници.


Out of the Furnace

Животна драма помешана со огромна доза на криминал која раскажува приказна за двајца браќа. Едниот од нив мистериозно исчезнува без никаква трага. Затоа што полицијата не ја спроведува акцијата доволно брзо, другиот решава да ја преземе работата во свои раце. Неизвесноста на дејствата е она што ќе ве натера да го изгледате овој трилер до крај.

Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Го гледав филмот за Џеј – Три дена подоцна, сѐ уште сум под импресии Ова не е музичка биографија на Џеј, ова е приказна за неговото детство, за тоа к...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg