Филмски адаптации кои ги надминаа книгите според кои се снимени

Холивуд обожава книгите да ги преточува во филмски остварувања. Некои од најпознатите блокбастери се инспирирани од романи. Само некои од нив се познатиот „Кум“, серијалот „Хари Потер“, а кон крајот на минатата година се појавија и „Волкот од Волстрит“, „Хобит“ и други.

filmski-adaptacii-koi-gi-nadminaa-knigite-spored-koi-se-snimeni-01

Вообичаено се смета дека книгите се оние кои се поквалитетно напишани со истакнати детали кои во филмот речиси се губат, па секогаш се вели дека книгата е подобра од филмот.

Но, има некои филмови кои со својот квалитет и популарност успеале да ги надминат книгите според кои биле снимени.

1.„Fight Club“ (1999)

„Fight Club“ е американски филм кој го режирал Дејвид Финчер, а направен е според истоимениот роман на Чак Поланик од 1996 година. Главните улоги во култното остварување ги имаат Бред Пит и Едвард Нортон. Филмот стана исклучително популарен, а има и своја армија на обожаватели кои тајно го копираат боречкото здружение. Психолошка драма која со својата нешаблонска црта направила голем исчекор во однос на книгата.

filmski-adaptacii-koi-gi-nadminaa-knigite-spored-koi-se-snimeni-1.jpg


2. „Casino Royal
“ (2006)

Даниел Крег за миг ја освои публиката ширум светот во улогата на најпознатиот таен агент 007. „Casino Royal“ му го претстави Бонд на светот во ново, малку мрачно издание и во пореално светло под кое тој е ранлив и подложен на многу длабоки кризи на својата личност. Поради тоа, но и поради излегувањето од рамките на книгите, на пример продлабочувањето на врската меѓу Бонд и Веспер, филмот успеа да го надмине романот.

filmski-adaptacii-koi-gi-nadminaa-knigite-spored-koi-se-snimeni-2.jpg


3. „The Hours
“ (2002)

„The Hours“ можеби е и највреден на оваа листа, од причина што ја надмина книгата која добила Пулицерова награда. Читателите со право биле загрижени поради начинот на кој филмот ја пренесува уметничката црта на ремек-делото, но екранизираната верзија ги надминала нивните очекувања. Никол Кидман добила Оскар, а ветеранката на Холивуд, Мерил Стрип исто така брилијантно ја изведува улогата.


4. „Slumdog Millionaire
“ (2008)

Неверојатната и трогателна животна приказна за малиот Индиец кој победува во квизот „Милионер“, одговарајќи на прашањата благодарение на среќата и тешкото животно искуство. Филмското остварување е базирано на романот на Викада Сварупа, „Q&A“. Младите глумци Дел Пател и Фрида Пинто перфектно ги изнеле улогите и со тоа ја дополниле оваа прекрасна приказна.

filmski-adaptacii-koi-gi-nadminaa-knigite-spored-koi-se-snimeni-4.jpg


5. „Тhe social network
“ (2011)

Кога е направен филмот за животниот пат на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, многумина го дочекале скептично. Направен е според книгата на еден дипломец од Харвард, Бен Мекрих. Она поради кое овој филм е подобар од книгата е неговата објективност. Додека романот прикажува еднострана приказна која го критикува Цукерберг, а го фаворизира неговиот колега, ко-основачот на Фејсбук, Едуардо Саверин, филмот и режијата на Дејвид Финчер ја прикажува целата слика и дава одличен увид во животот на младиот милијардер и основач на најпопуларната друштвена мрежа.

filmski-adaptacii-koi-gi-nadminaa-knigite-spored-koi-se-snimeni-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg