Викенд предлог: Најдобрите европски филмови

6. Pan's Labyrinth ("El laberinto del fauno")

Можеби најдобриот филм на режисерот Guillermo del Toro зборува за Шпанија во 1944 година, каде младата девојка Офелија и нејзината бремена мајка живеат во фашистички воен камп. Офелија се обидува да избега од суровата реалност во волшебниот свет на фантазија. Филм што освои 3 Оскари за кинематографија, шминка и костимографија.


7. Let the Right One In ("Låt den rätte komma in")

Вистински филм за фанови на вампири кој раскажува малку поинаква приказна. Од умот на режисерот Tomas Alfredson запознајте ги Оскар и Ели, малтретираното момче, чудната девојка и нивното необично пријателство.


8. Talk to Her ("Hable con ella")

Една поинаква љубовна приказна за двајца мажи и нивното пријателство, додека се грижат за своите девојки кои се во длабока кома. Филм на познатиот шпански режисер Pedro Almodóvar.

Филм кој зборува за маж кој бара одговори за животот, смртта и за постоењето на Бог, додека игра шах со Смртта. Овој филм е добро познатото мрачното ремек дело на Ingmar Bergman.


9. The Seventh Seal ("Det sjunde inseglet")

Филм кој зборува за маж кој бара одговори за животот, смртта и за постоењето на Бог, додека игра шах со Смртта. Овој филм е добро познатото мрачното ремек дело на Ingmar Bergman. 


10. Open Your Eyes ("Abre los ojos")

Еден млад човек ја наоѓа љубовта на својот живот, но тој доживува несреќа по која треба да прави операција на лицето. После тоа, ништо не е исто. Овој филм е познат и по својот римејк од 2001 година „Небо од ванила“, со Том Круз. 

Автор: М.А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 филмови посветени на познати сликари кои треба да ги изгледате Изведбата на Вилем Дефо како Винсент ван Гог е маестрална во At Eternity's Gate,...
10 забавни филмови кои ќе ве внесат во летно расположение Grown Ups, Adventureland, Palm Springs – ако едвај го чекате летото, веруваме де...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg