Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Филмови кои секоја жена треба да ги погледне сама, барем еднаш во животот

Постојат филмови што секоја жена треба да ги изгледа барем еднаш во животот. Некои од нив зборуваат за женските соништа, други се смешни и забавни случки, а трети ќе допрат право до вашето срце.

10-filmovi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-pogledne-sama-barem-ednash-vo-zivotot-01.jpg

Сепак, најважното од сè е дека сите тие се повеќеслојни и непредвидливи, токму како поубавата половина на самото човештвото.

Филмовите кои следат ќе ве научат на вредни лекции за животот, но и ќе ве инспирираат и водат во донесувањето на животните одлуки:

1. „What Women Want“

После една несреќа, Ник Маршал, нарцистичен плејбој од Чикаго, се здобива со способност да слуша што жените навистина размислуваат. Набрзо сфаќа дека може да ја искористи оваа предност и во љубовта и во бизнисот. Навлегувајќи подлабоко во психологијата на жените, започнува подобро да ги сфаќа девојките и сочувствува со нив.


2. „Monster-in-Law“

После долгогодишно трагање по г. Совршен, паметната и убава Чарли конечно го запознава Кевин: внимателен и успешен маж кој исто така се заљубува во неа на прв поглед. Врската е одлична, тој ја бара за сопруга, но Чарли набрзо дознава дека неговата мајка, Виола, е решена да направи сè за да ја уништи нивната венчавка.


3. „Ghost“

Враќајќи се дома после излегување, Сем и Моли се нападнати од крадец во темна улица. Сем е убиен, но неговиот дух останува на Земјата за да ја предупреди неговата сакана за опасноста која ја демне. По неговото убиство, тој открива дека неговата смрт не била случајна, па се обидува да комуницира со Моли преку Ода Меј, видовита жена која не сфаќа дека нејзините моќи се вистински.


4. „Cruel Intentions“

Кетрин и Себастијан се двајца навистина богати тинејџери и полуроднини од Менхетен кои добиваат сè што ќе посакаат. Уморни од обичните интриги на животот, модерниот „Дон Жуан“ и убавицата на која сè и е досадно заговараат нова, забавна, но и сурова игра против наивната ќерка на новиот директор на училиштето.


5. „Bimboland“

Сесили Буси е вистинска бубалица. Додека нејзините другарки привлекуваат мажи, таа учи антропологија и пишува тези. Средбата со уште една глупава девојка, Алекс, ја води до идеја за избор на „ороспија“ како предмет за нејзината теза. За да го направи тоа таа станува една од нив, но не може ни да ги претпостави промените дека промените во изгледот ќе го променат и нејзиниот карактер.

Уште 5 предлози на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови на Нетфликс снимени според вистински приказни First They Killed My Father е потресен филм во режија на Анџелина Џоли кој ја по...
10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...
10 крими документарци на Нетфликс за познати (и морничави) случаи Исчезнувањето на Медлин МекКен по која се трага веќе 18 години, снимки од интерв...
Што е Studio Ghibli и од каде потекнува виралниот (и контроверзен) тренд со AI генерирани слики? Сликите генерирани со AI што деновиве ги гледаме насекаде се инспирирани од филм...
10 филмови што со нетрпение ги очекуваме во првата половина од 2025-та Last Breath кој е снимен според морничава, но и фасцинантна вистинска приказна, ...
10 филмски премиери низ македонските кина до крајот на 2024-та Неколку продолженија, но и првиот македонски долгометражен анимиран филм – што ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg