Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Викенд предлог: Детективски филмови кои ќе ве направат попаметни

Ако сте тип на човек кој сака да размислува за тајните на човековата природа, гледање на детективските филмови и решавањето на мистериите се одличен начин како да го поминете слободното време и да уживате во филмови.

top-detektivski-filmovi-koi-kje-vi-go-proshirat-umot-01.jpg

Ги одбравме најдобрите детективски филмови, секој од нив гарантирано ќе ве забавува со часови, додека го употребувате вашиот интелект:

1. Angel Heart (1987)

Детективски филм со мистична тематика која успева да ве заинтригира уште од првите моменти и да ве држи под тензија до самиот крај. Комбинација од различни тонови, мелодија на саксофон, а главниот лик е соочен со серија загатки кои треба да ги реши за да го затвори случајот.


2. Memento (2000)

Леонард Шелби е во потрага по убиецот на неговата сопруга. Работите стануваат комплицирани кога тој ја губи краткотрајната меморија по удар во главата. Се сеќава само на работите кои се случиле пред убиството, а сè друго останува во неговата глава само 15 минути. Употребува различни трикови со кои самиот, а и нас нè потсетува на она што се случило, сè додека не заврши неговата истрага.


3. Zodiac (2007)

Двајца детективи се во потрага на серискиот убиец кој го плашел Сан Франциско цели 25 години. Серискиот убиец е познат под името „Зодијак“, а не само што сака да убива луѓе, туку и да си поигрува со инспекторите - не сите успеваат да го издржат тој притисок.


4. True Detective (2014 - )

Детективска серија која веќе има три сезони - секоја епизода со своја приказна и ликови. Започнува со истрага на двајца детективи за необично убиство во Луизијана. Дел по дел, ја составуваат сликата, која полека но сигурно, ги води до заклучокот за тоа што навистина се случило.

Уште 4 предлози на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ви бидат како ментален одмор овој продолжен викенд Забавниот Miss Congeniality или емотивниот The Fundamentals of Caring – што ќе г...
10 филмови за оние кои едвај чекаат да почне есента За љубителите на детективските приказни, овде е A Haunting in Venice, а ако сака...
10 крими документарци на Нетфликс за познати (и морничави) случаи Исчезнувањето на Медлин МекКен по која се трага веќе 18 години, снимки од интерв...
10 предлог филмови за новопечените мајки Некои од овие предлози ќе ви помогнат да сфатите дека не сте сами, некои ќе ви д...
10 филмови кои ја прикажуваат мрачната страна на алчноста за пари и моќ The Wolf of Wall Street е можеби најдобар пример за мрачната страна за желбата з...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg