Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


20 најдобро рангирани филмови според гледачите

11. „Knockin’ on Heaven’s Door“

Двајца млади луѓе кои страдаат од рак се запознаваат во болничка соба. Имајќи уште неколку часа живот, решаваат за последен пат да го посетат морето.

12. „Goodfellas“

Хенри Хил кој отсекогаш сакал да биде гангстер е земен под закрила на локалниот водач на мафијата. Заедно со неговите нови пријатели, најголемиот дел од времето го поминува во убивање и ограбување луѓе. Одличен филм за гангстерскиот живот и сè она што тој носи со себе.

13. „The Prestige“

Роберт Ангиер и Алфред Борден се двајца ривали во светот на илузијата кои знаат сè за магијата. Со текот на годините професионалното ривалство се претвора во вистинска војна.

14. „Pulp Fiction“

Винсент Вега и Џулс Винфилд се луѓе кои сакаат да нурнат во филозофски дискусии за религијата и моралот додека ја ги извршуваат криминалните активности за нивниот шеф. Култен филм на Тарантино познат по ироничната мешавина на хумор и насилство.

15. „Saving Private Ryan“

Капетанот Џон Милер води група од осум војници низ непријателските линии за да го најде војникот Џејмс Рајан кој веќе ги изгубил тројцата браќа во војната. Филмот е добитник на неколку награди и дава еден реален приказ за тоа како навистина изгледа војната.

16. „Snatch“

Гај Ричи е мајстор во својата област. Ќе го препознаете неговиот посебен стил уште од самиот почеток. „Snatch“ е едно од неговите ремек-дела, а актерската екипа е неверојатна.

17. „The Usual Suspects“

Пет криминалци се сретнуваат на исто место во исто време и секој треба да ја заврши својата работа. Некој мистериозен шеф сака тие да станат дел од неговиот тим и да донесат одлука која ќе смени сè.

18. „Fight Club“

Обичен канцелариски службеник кој страда од несоница очајно бара промени во животот. Го запознава Тајлер Дурден, изработувач на сапуни со извртена личност во чија глава постојано се раѓаат луди идеи и неговиот живот навистина се менува.

19. „The Departed“

Кој би рекол дека двајцата најдобри дипломци од полициската академија ќе тргнат по толку различни патишта? Едниот од нив е полицаец на тајна задача, а другиот се согласува да биде „крт“ во полициски оддел кој е вплеткан во организиран криминал.

20. „Interstellar“

Најлошата бура со суша и прашина во човечката историја нè води кон најголема криза за храна на целата планета. Група истражувачи и физичари од НАСА тргнува на патување во вселената за да најде планета каде луѓето би можеле да се населат.

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 романтични филмови кои се совршени од почеток до крај Емотивниот The Notebook и забавниот Pretty Woman – некои филмови, иако можеби не...
Актери кои си ги загрозиле здравјето и животот со костимите во нивните филмови Кејт Винслет речиси ќе загинела на снимањето на Titanic кога нејзиното палто се ...
10 нови серии кои ќе ве држат „залепени“ за екранот до последната епизода BLack Doves за оние кои сакаат трилери или The Pitt за љубителите на медици...
10 филмови кои ја прикажуваат мрачната страна на алчноста за пари и моќ The Wolf of Wall Street е можеби најдобар пример за мрачната страна за желбата з...
Стереотипи од турските серии заради кои секогаш превртуваме очи Сите ликови се нашминкани дури и кога се будат од спиење. Секогаш главните ликов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg