Викенд предлог: 11 брилијантни филмови за големите луѓе и нивните тајни

6. „Surviving Picasso“

Контрадикторна и систематична личност со интригантна визија за која нештата во светот се совршено едноставни. Колку време би издржале на страната на таков генијалец? И колку време тој би издржал да ви дозволи да бидете покрај него?

Зборот „преживување“ во насловот воопшто не е избран случајно. Филм за извонредниот уметник кој го сакал животот до самиот крај и зел од него сè што се нудело, не сакајќи да испушти ни најмал детаљ, а неговата работа е совршен одраз на сето тоа.

7. „Hawking“

Исклучителните луѓе како Стивен Хокинг никогаш не доаѓаат на овој свет случајно. Филмот ја опишува загубата на физичката контрола над телото на овој необично интелигентен човек и неговата речиси неверојатна желба да го зачува својот ум, својата надеж и љубовта во срцето.

8. „The Iron Lady“

Ова не е само филм кој ја прикажува животната приказна на жената која го промени светот на политиката и докажа дека жените може да го водат светот. Ова е филм кој ја прикажува Маргарет Тачер во прво лице, филм кој зборува за една силна жена предодредена да стекне огромна моќ.

9. „Gia“

Џиа Карањи, девојка од Филаделфија, го имала светот под нозете во почетокот на ’80-те години. Оваа независна млада жена била подготвена да го покори светот, тежнеејќи кон успех, појавувајќи се насловните страни, вкусувајќи го забранетото овошје и никогаш не обрнувајќи внимание на конвенционализмот.

Сепак, таквиот пат носи со себе многу опасности, а глумата на Анџелина Џоли на совршен начин го доловува сето тоа.

10. „Madre Teresa“

Трогателна приказна на Мајка Тереза, жената која беше прогласена за светица уште додека беше жива. Филмот зборува за животот на оваа неверојатна жена откако таа ќе го напушти сестринството Аби.

Соочена со најголемиот избор во животот, таа без сомневање се упатува кон Калкута, каде нејзината бело-сина облека ќе стане стане симбол за надеж на луѓето кои одамна заборавиле да се смеат.

11. „Nowhere Boy“

Постојат голем број филмови за познатите Битлси, но овој филм зборува за животот и мислите на младиот Џон Ленон кога тој имал само 16 години.

Она што ќе го видите во филмот е една сосема поинаква перспектива на познатиот музичар. Работи кои не сте ги занеле за тоа како познатата група била основана или влијанието кое неговата мајка и тетка го имале врз него се само дел од сето она кое овој филм има да го понуди.

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 филмови посветени на познати сликари кои треба да ги изгледате Изведбата на Вилем Дефо како Винсент ван Гог е маестрална во At Eternity's Gate,...
Филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени Книгата Good Omens е презабавна, но комичната серија ѝ дава посебен шарм на прик...
10 одлични филмови од изминатата деценија кои веројатно сте ги пропуштиле (а вреди да ги изгледате) Ако сте расположени за комедија, дајте им шанса на The Disaster Artist и The Nic...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
Бредли Купер повторно се разочара, Oppenheimer издоминира - Листа на победници на Оскари 2024 Најдобар филм е Oppenheimer на Кристофер Нолан кој воедно доби статуетка за најд...
10 ретро филмови што ќе ве потсетат на поубави времиња Casper, Fluberr и The Flitstones се само дел од филмовите што ги гледавме пред, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg