10 безвременски психолошки трилери што задолжително треба да ги погледнете

Доколку ве фасцинираат филмови кои успеваат да ве држат на работ на столчето додека го гледате, тогаш постои совршен жанр за вас.

10-bezvremenski-psiholoshki-trileri-shto-zadolzhitelno-treba-da-gi-poglednete-01.jpg

Доколку ве фасцинираат филмови кои успеваат да ве држат на работ на столчето додека го гледате, тогаш постои совршен жанр за вас. Психолошките трилери како поткатегорија на општо поширокиот опфат на трилер филмовите, се концентрираат и ги нагласуваат нестабилните психолошки состојби на главните ликови. Тие се одликуваат со тензични сцени, „расцепување на смислата за реалност“, комплексни врски помеѓу патолошки опсесивни луѓе, и најчесто со пресврт на крајот од филмот кој гледачите не го очекуваат.

Денес ви предложуваме десет филмови кои се надеваме дека ќе ја заинтригираат вашата имагинација и ќе предизвикаат силни чувства откако ќе го исклучите.

Primal Fear (1996)

Ричард Гир се снаоѓа одлично во улогата на адвокат чиј клиент е осуден за убиство на свештеник, но вистината се крие многу подлабоко од она што се гледа на прв поглед.

Дали ќе открие што точно се случило, останува на вас да погодувате сè до крајот на дејствието.

Identity (2003)

Џон Кјузак игра маж со име Ед, којшто една врнежлива ноќ бара засолниште во еден мотел.

Во мотелот се запознава со луѓе кои се сместени таму и се обидуваат да откријат кој ги убива еден по еден сите посетители.

Користете ги вашите детективски особини и пробајте да ги поврзете деталите за да го откриете убиецот.

https://www.youtube.com/watch?v=TQkG2×3qTf4

The Machinist (2004)

Кристијан Бејл е познат по својата пожртвуваност за одредени улоги, но најекстремно приспособување на телесната тежина направи за улогата во филмот каде глуми индустриски работник кој не може да заспие една година и почнува да се сомнева во својата свесност.

Напнатоста на сцените и самиот изглед на актерот ќе ви го задржат вниманието до самиот крај.

Тhe Sixth Sense (1999)

Сигурно сте ја слушнале фразата: I see dead people.

Фразата потекнува од филмот The Sixth Sense кој ја следи приказната на едно дете кое може да комуницира со луѓе од другиот свет и бара помош од детски психолог (Брус Вилис).

Se7en (1995)

Бред Пит и Морган Фримен се здружуваат како детективи да пронајдат сериски убиец кој убива според седумте најголеми смртни гревови.

Во филмот исто така настапува и одличниот Кевин Спејси кој е еден од најреномираните актери во светот.

Самата актерска екипа е доволна за да ве привлече да го погледнете овој одличен филм.

Уште пет филма на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg