Филмски предлози: 5 замрсени европски трилери кои ќе ве остават без зборови (и врзани за столче до самиот крај)

Дали сакате трилери? Овие пет европски трилери ќе ве остават без зборови и ќе ве држат врзани за столче до самиот крај.

5-interesni-evropski-trileri-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi-01.jpg

Европската кинематографија е прилично различна од Холивуд. Додека во холивудските филмови, главен акцент е добрата акција и најразличните филмски ефекти, европската филмска школа се фокусира на глумата, дијалогот, режијата и приказната.

Долунаведените филмови се само дел од многуте филмови кои „мора да се видат“ од европската кинематографија.

Das Leben der Anderen

Das Leben der Anderen е германски филм во кој дејствието се одвива во Берлин во 1984-та година. Се работи за агент кој ги набљудува активностите на еден писател и неговата љубовница.

Како што секојдневно го следи младиот пар, тој станува опседнат со нивните животи.

Jagten

Jagten е дански филм, во кој еден наставник живее самотен живот и пробува да се избори за старателство над неговиот син.

Животот му се подобрува, тој добива добри вести од неговиот син, и се заљубува во една девојка, меѓутоа сето тоа му се распарчува пред очи поради една мала лага.

Pan's Labyrinth

Ова е шпански филм, во кој дејствието се одвива во фашистичка Шпанија, во 1944-та. Се работи за младо девојче чија мајка е омажена за воен официр.

Девојчето се губи во застрашувачкиот но интересен свет на фантазијата.

The Invisible Guest

The Invisible Guest е уште еден шпански филм на оваа листа, во кој се работи за успешен бизнисмен кој е обвинет за убиство и има помалку од три часа да си смисли алиби, па се обраќа кај експерт за подготовка на сведоци.

Sleuth

Sleuth е британски филм во кој човек кој сака игри и театар го кани на гости љубовникот на жена му и му спрема најразлични умствени загатки со потенцијално смртоносен исход.

еНВи| Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови со неочекувани пресврти за кои ќе размислувате со денови Knives Out, Arrival и The Usual Suspects се само дел од филмовите чии пресврти ч...
7 филмови кои нè потсетуваат на детството и ни носат мирис на носталгија Не знам за вас, но кога бев дете обожавав да гледам филмови. Тогаш интернетот бе...
Некогаш и сега – како изгледаат популарните актери поради кои ги засакавме акционите филмови? Скоро сите холивудски актери имаат совршено мускулесто тело и се одлични во свој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg