Рис Витерспун ги задржала сите аутфити, се породила пред снимање - 8 тајни за „Легално Русокоса“

Колку пати и да сме го изгледале филмот, немаме проблем одново да ја гледаме нашата омилена адвокатка во својот розов костим и да застане во судницата. Но, сигурно има некои тајни кои не ги знаете за филмот „Легално русокоса“ - прочитајте во продолжение. 

8_tajni_za_vasiot_omilen_film_legalno_rusokosa_01.jpg

Првиот дел на овој филм излезе уште во 2001 година и стана еден од најгледаните филмови особено за женската популација.

Секоја вечер помината со нашите пријателки задолжително налага еден ваков филм кој ќе нè расположи и релаксира.

8 тајни кои ни најголемите фанови на овој филм не ги знаат:

Актерот Метју Дејвид, кој го глуми арогантниот дечко на Рис, бил заљубен во неа

Ворнер, богатиот дечко на Рис кој ќе ја откачи откако ќе замине да учи на Харвард, кој го глумеше актерот Метју Дејвид, при едно интервју призна дека уште одкако бил тинејџер на 15-годишна возраст ја симпатизирал неговатата колешка, познатата актерка Рис Витерспун.

На почетокот на снимањето бил толку срамежлив што продуцентите морале да го тргнат настрана за да се уверат дали е сè во ред.  

8-tajni-za-vasiot-omilen-film-legalno-rusokosa-02.gif

Харвард не бил дел од планот на Ел

Според истоимената книга, ликот на Ел воопшто не заминува да учи право на Харвард туку се сели во Лос Анџелес, Калифорнија за да студира на универзитетот Стенфорд.

Но откако универзитетот Стенфорд одбил да биде дел од филмот, локацијата била променета и на тој начин Ел завршува на познатиот Харвард.

Но, сцените од филмот не се снимани во познатитот универзитет туку во Институтот за Технолгија во Калифорнија.

8-tajni-za-vasiot-omilen-film-legalno-rusokosa-03.gif

Филмот е базиран на истоимената книга

Објавена во 2001 година, оваа книга е напишана според животот и искуствата на авторката Аманда Браун и нејзините години поминати на Универзитетот Стенфорд.

Дури и сценаристите на филмот го посетиле кампусот на Стенфорд за да напишат реалистично сценарио кое одговара на истоимената книга.

Авторката на книгата за кратко време по објавувањето го напушта факултетот за да се посвети на нејзината вистинска љубов - пишувањето.

8-tajni-za-vasiot-omilen-film-legalno-rusokosa-04.gif

Ликот на Ворнер е базиран на познатиот американски претседател Џорџ Буш        

Иако навидум ликовите на Ворнер и неговата нова девојка потсетуваат на претседателот Кенеди и неговата сопруга Џеки Кенеди, всушност глумецот Метју црпи инспирација од претседателот Буш кој за време на снимањето на филмот бил во својата прва кандидатура.

8-tajni-za-vasiot-omilen-film-legalno-rusokosa-05.gif

Во завршната сцена Ел носи перика

Последната иконска сцена каде Ел држи говор и сите дипломци ги фрлаат своите капи триумфално во воздух е всушност сцена која е преработена откако оригиналната завршна сцена не била добро прифатена од тест публика.

Поради работата на друг филм, актерката Рис Витерспун ја скратила својата коса и за оваа сцена била приморана да носи перика. 

8-tajni-za-vasiot-omilen-film-legalno-rusokosa-06.gif

Витерспун ги задржува сите костуми на Ел

Актерката добила дозвола да ги задржи сите уникатни костуми на познатата Ел од првиот и вториот дел на филмот. Да, дури и розовиот костум на зајче.

8-tajni-za-vasiot-omilen-film-legalno-rusokosa-09.gif

Рис Витерспун jа доби својата ќерка веднаш пред да почне снимањето на филмот

Пред да започне снимањето на овој култен филм, актерката Рис Витерспун имала 25 години и се породила со својата ќерка Ава која денес е вистинска копија на својата славна мајка.

Актерката за интервју изјавува дека често се појавувала на сет недоволно одморена поради тоа што дома ја чекало новороденче кое често било болежливо.

8-tajni-za-vasiot-omilen-film-legalno-rusokosa-08.gif

Покрај филмот, постои и музикал на Бродвеј со истото име

Мјузиклот кој се прикажува на Бродвеј од 2007 година со исто име, има и посебна песна, посветена на потегот кој загарантирано ќе ви донесе состанок со вашата симпатија.

Кога Ел и го покажува овој потег на својата пријателка од салонот за убавина во филмот е прикажана само кратка верзија на песната.

Доколку сакате да ја погледнете целосно побарајте го мјузиклот за истоимениот филм.

8-tajni-za-vasiot-omilen-film-legalno-rusokosa-07.gif

К. Д. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

10-те најконтроверзни филмови од 1990-тите кои треба да ги изгледате Иако е цртан филм, Aladdin се соочи со многу критики поради погрешно прикажување...
10 филмови со неочекувани пресврти за кои ќе размислувате со денови Knives Out, Arrival и The Usual Suspects се само дел од филмовите чии пресврти ч...
10 филмови што ќе ве држат во неизвесност до крај и ќе ве остават без зборови (ќе сакате да ги гледа... Arrival, Tenet и Moon се филмови чии пресврти тешко дека ќе ги предвидите и кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg