Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-09-2023


„Династија“ и уште 5 најдобри серии од осумдесеттите години со кои сите беа опседнати

За време на емитувањето на серијата „Династија“ на телевизија, улиците во поранешна Југославија беа празни! Сите ја гледаа оваа серија, старите и младите, богатите и сиромашните. Се сеќавате ли?

Najdobrite serii od osumdesetite godini po koi site bile ludi 01

Се чини дека луѓето се заситуваат од новите серии, кои навидум, потсетуваат една на друга. Затоа сме сведоци на големиот камбек на старите серии и филмови, најчесто во адаптирана, модерна форма.

Ова е листа на неколку серии, кои биле многу популарни во 80-те години, која може да ви послужи како потсетник на серии кои би сакале да ги гледате уште еднаш.

Време е да се потсетиме на заборавените бисери кои го заслужуваат својот камбек на малите екрани.

Miami Vice

Пастелни одела и мокасини на гола нога, звучи како вистински моден криминал, нели? Но благодарение на серијата „Miami Vice“ овој стил стана популарен, бидејќи така беа облечени главните актери. Облеката дури ја дизајнираа Џорџо Армани, Хуго Бос и Џани Версаче. Џејмс „Сони“ Крокет и Рикардо „Рико“ Табс, двајца детективи од Мајами, веројатно се најпознатиот пар во серијата.

Токму оваа улога ги лансираше Дон Џонсон и Филип Мајкл Томас меѓу ѕвездите.

Najdobrite serii od osumdesetite godini po koi site bile ludi 02

Династија

Популарноста на „1001 ноќ“ не е ништо во споредба со популарноста на Блејк Карингтон и неговото семејство. Верувале или не, за време на емитувањето на „Династија“ на телевизија, улиците во поранешна Југославија беа празни! Сите ја гледаа оваа серија, старите и младите, богатите и сиромашните.

Фризурите на Кристал и Алексис се паметат и денес, а Блејк беше идол на секој маж во тоа време.

Najdobrite serii od osumdesetite godini po koi site bile ludi 03

A-TEAM

Најпопуларниот лик во серијата беше Боско, кој го отелотворуваше феноменалниот Mr. T. Вечно намуртениот Боско стана суперѕвезда поради својот опасен изглед, како и фризурата. Благодарение на својот став тој подоцна стана професионален борач.

Оваа серија беше одлична комбинација на акција и хумор, затоа брзо постигна култен статус.

Najdobrite serii od osumdesetite godini po koi site bile ludi 04

MacGyver

Серија која луѓето ја гледале на италијанските станици, зборува за авантурите на тајниот агент, Ангус Мекгајвер. Мекгајвер е експерт за експлозиви кој може да направи експлозивен уред дури и од тоалетна хартија!

Иако неговите експлозивни уреди немале никаква врска со мозокот, генијалноста на Мекгајвер ја воодушевуваше публиката, поради што серијата имаше дури седум сезони и 139 епизоди.

Najdobrite serii od osumdesetite godini po koi site bile ludi 05

Sledge Hammer

„Каков идиот!“ Ова се веројатно првите зборови кои ви паѓаат на ум кога ќе помислите на серијата „Sledge Hammer“. Серијата траеше само две сезони, а главниот херој е несмасен полицаец кој ги решава сите проблеми на насилен начин.

Najdobrite serii od osumdesetite godini po koi site bile ludi 06

Alf

На кој не му се допадна смешниот вонземјанин Алф кој случајно слета во дворот на семејството Танер, каде почнаа неговите авантури. Беа снимени четири сезони, а подоцна е снимен и филм „Проект Алф“, а малиот вонземјанин се појавуваше како гостин во неколку серии.

najdobrite-serii-od-osumdesetite-godini-po-koi-site-bile-ludi-001.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 години подоцна: Колку се променија актерите од ТВ серијата House? Првата епизода од легендарната серија беше емитувана во ноември 2004-та, а со ог...
Ја изгледав серијата „Пад“ со Милан Мариќ – Зошто сум фасцинирана? Јасно е зошто Милан Мариќ за многумина е „најдоброто од Србија“. Откако маестрал...
Некогаш и сега – како изгледаат популарните актери поради кои ги засакавме акционите филмови? Скоро сите холивудски актери имаат совршено мускулесто тело и се одлични во свој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg