15 маестрални серии од кои бевме „зависни“ пред речиси две децении

8. „Округот Оринџ“ – The O.C., 2003 – 2007

„Оркугот Оринџ“ е eдна од сериите што го одбележа растот на голем број адолесценти и меѓу другото им помогна на многумина од нив во нивните „чувствителни“ години.

Приказната се заснова на теми како што се разлики во класите, отуѓување, алкохолизам, ментални заболувања, хомофобија, политички проблеми...

Низ вкупно три сезони се проследени случувања на повеќемина средношколци и нивните семејства кои живеат во богатата крајбрежна област Оринџ, Калифорнија.

9. „Вовед во анатомија“ - Grey's Anatomy, 2005

Можеби неверен, но вистинит е фактот дека оваа серија сѐ уште го нема доживеано својот крај, иако првите три сезони се сметаат за едни од најдобрите досега.

Ликовите во серијата во основа се медицински специјализанти и доктори, кои на стажистите им служат како ментори во нивните приватни и професионални животи.

10. 24, 2001 – 2014

Шпионска серија којашто во сезона прикажува дваесет и четири часовен период од животот на Џек Бауер, кој работи со американската влада за да ги отстрани фиктивните терористички закани на САД.

Филмските критичари ја истакнуваат петтата сезона како една од најиновативните и најдобрите од овој серијал.

15-maestralni-serii-od-koi-sme-bile-zavisni-pred-rechisi-dve-decenii-02.jpg

11. „Пријатели“ – Friends, 1994 – 2004

Едноставно, серија за којашто не е потребен никаков опис, бидејќи веројатно не постои човек којшто не изгледал барем една од нејзините маестрално хуморични сезони.

За волја на вистината, „Пријатели“ е серија која се одликува со популарност, можеби идентична и ден-денес. Секој лик во буквална смисла претставува приказна за себе и воедно парче од перфектно составената сложувалка.

„Научно докажано“, Џои, Рејчел, Фиби, Моника, Чендлер и Рос никогаш нема да бидат заборавени.

12. „Сен Тропе“ – Sous le soleil ( во буквален превод „Под сонцето“), 1996 - 2008

Оние што ја гледале оваа француска серија сигурно се сеќаваат на шармантните дами Џесика, Лора и Каролина.

Секоја епизода се врти околу еден од главните ликови и се занимава со проблемите на современиот живот, како што се стерилност, посвојување, развод, воспитување и губење на најблиските.

Популарната тематска нумера на оваа серија навистина буди топли и носталгични сеќавања.

13. „Бегство од затвор“ – Prison Break, 2005 – 2017

Напнатост низ приказна која првично раскажува за човек осуден на смрт (Линколн Бароус), имено поради злосторство што не го сторил, а воедно и за неговиот брат Мајкл, кој смислува совршен план како да го извлече од високо-безбедносниот затвор во кој е сместен.

Оние кои што ја гледале, знаат дека станува збор за серија којашто гледачите ги држи во неверојатно исчекување и се одликува со продолженија кои носат сосема неочекувани пресврти.

14. „Како ќе каже Џим“ – According to Jim, 2001 – 2008

Опуштена семејна комедија со сјајниот Џејмс Белуши прикажан како страствен обожавател на блуз музиката и љубов кон неговиот бенд, поради што често ја излудува неговата сопруга Шерил.

Интересен факт е тоа што самиот Џејмс Белуши се јавува и како продуцент на серијата, а во неколку епизоди се појавува и неговиот син Роберт, во улогата на возрасниот Кајл.

15. „Два и пол мажи“ – Two And Half Man, 2003 – 2015

Сигурно се сеќавате на извонредните Чарли и Алан, кои се речиси сосема различни, но во исто време заедно претставуваат одличен тим.

Иако на прв поглед изгледа дека единственото нешто што им е заедничко е лошата врска со нивната „студена“ и доминантна мајка Евелин, на крајот излегува дека овие двајца браќа се слични и повеќе отколку што мислат.

Серијата „Два и пол мажи“ се наоѓа на многубројни листи за најдобри комедии воопшто, а во просек секоја сезона ја гледале дури петнаесет милиони Американци.

Се надеваме дека со нашиот избор на серии од едни драги времиња, кај вас за момент предизвикавме една „слатка“ носталгичност.

Па, кои серии би ги додале вие?!

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg