9 постари, но непредвидливи филмови за спас во досадните денови

Black Butterfly, 2016 година

Главниот лик е писател кој живее во близина на мало планинско гратче. Додека работи на сценарио за кое верува дека ќе му го промени животот, писателот сретнува мистериозен маж.

Тој му дозволува на мажот да престојува во неговата куќа, но наскоро сфаќа дека погрешил со оваа одлука.

All Good Things, 2009 година

Филмот е инспириран од вистинска приказна.

Главниот лик е богат маж чија сопруга исчезнува, па тој станува главен осомничен за нејзиното убиство.

After.Life, 2009 година

Главниот лик е млада девојка која доживува сообраќајка.

По несреќата, таа се буди во мртовечница чиј сопственик пробува да ја убеди дека е заробена помеѓу животот и смртта.

Le dernier diamant, 2014 година

Главниот лик е крадец кој само што излегува од затвор. Речиси веднаш, негов пријател успева да го убеди да извршат уште една голема кражба.

Но, дијамантот којшто сакаат да го украдат е мета и на други крадци.

Miss Sloane, 2016 година

Главниот лик е Елизабет Слоун – политичарка и лобист која дава сè од себе за да се изгласа нов закон за оружје во САД.

Но, работите не одат по план кога противничката партија почнува да открива детали од нејзиниот приватен живот.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg