Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 одлични свадбени филмови во чие гледање ќе уживате за време на полицискиот час

6. 27 Dresses, 2008 година

Филмот го следи животот на Џејн, идеалистична, романтична и потполно несебична млада жена која е секогаш во улога на деверуша на сечии свадби.

Но, кога нејзината помлада сестра Тес ќе го освои срцето на шефот на Џејн, во кој таа е тајно вљубена, тогаш Џејн започнува да го преиспитува својот животен стил „засекогаш деверуша“.

7. The Proposal, 2009 година

Кога Маргарет (Сандра Булок), книжевна уредничка во Њујорк се соочува со можност за депортација назад во нејзината родна Канада, таа снаодливо изјавува дека всушност е свршена со нејзиниот асистент Ендру, кој не е свесен за што се подготвува.

8. Bride Wars, 2009 година

Лив и Ема се најдобри пријателки кои уште од детството ги планираат сите детали од нивните свадби заедно.

На врвот на списокот за тоа како треба да изгледа нивната венчавка е локацијата: хотелот Плаза.

Сега, на 26-годишна возраст, двете се подготвуваат да стапат во брак. Ќе ги остварат своите соништа или можеби не?!

9. Crazy Rich Asians, 2018 година

Филм базиран на истоимениот роман на Кевин Кван, од 2013 година.

Во оваа комедија, главниот лик Рејчел Чу, девојка која целиот свој живот го поминала во Њујорк, заминува на патување во Сингапур со своето долгогодишно момче Ник Јанг,  за да се запознае со неговото семејство.

Запознавајќи ги родителите на Ник таа дознава дека всушност тој е член на едно од најбогатите семејства во Азија.

Дефинитивно, еден од поновите свадбени филмови за кој се крена навистина голема прашина.

10. Mamma Mia, 2008 година

Младата Софи решава да се омажи за момчето од нејзините соништа и единственото нешто по кое копнее е нејзиниот татко да ја однесе пред олтарот.

Што се случува кога ниту нејзината мајка не го знае точниот одговор: кој е нејзиниот вистински татко?!

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 емотивни филмови кои ќе допрат и до најрамнодушните The Father е филм што ќе ви го скрши срцето, додека а A Street Cat Named Bob ќе ...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg