Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 одлични филмови кои ќе ве внесат во есенско расположение

The Columnist

Колумнистот и автор Фемке е преплавена со анонимни непријатни пораки како и смртни закани на социјалните медиуми. Еден ден ќе ѝ дојде преку глава и таа решава да се одмазди.

Little Women

Џо, Бет, Ејми и Мег се неодоливите сестри Марч кои и покрај сите препреки во животот решаваат да им пристапуваат на проблемите со оптимизам. И покрај тоа што сите се различни, тие функционираат како една целина со нивната силна мајка Марми.

Knives Out

Околностите околу смртта на Харлан Тромби се мистериозни, но има една работа што познатиот детектив Беноа Блан ја знае со сигурност – сите во неговото дисфункционалното семејство Тромби се осомничени. Вклучувајќи ја и неговата негувателка.

Bird Box

Мистериозна натприродна сила го десеткува населението и само едно е сигурно – ако го видите, ќе умрете.

Во потрага по надеж и нов почеток, една жена и нејзините деца тргнуваат на опасно патување низ шумата за да го најдат единственото место каде што може да се спасат.

Sleepy Hollow

Одличен класик на тим Бартон кој целосно ќе ве внесе во есенско расположение. Икабод Крејн е полициски детектив, испратен од Њујорк во Слипи Холоу со цел да испита серија убиства извршени од коњаникот без глава.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg