За стари и млади – 5 анимирани цртани кои ќе ви го стоп(л)ат срцето

Кога немаме повеќе идеја што да гледаме, цртаните филмови се она нешто на кое му се враќаме со огромно задоволство. Бидејќи не е важно колку години имате – 7 или 77, никогаш не сте доволно стари за добри анимирани филмови.

5-novi-animinirani-filmovi-01.jpg

Овие 5 дефинитивно ќе ви ја стоплат душата и ќе ве расположат. Одлични за гледање во друштво со вашите најмали, најмили и најсакани луѓе:

Luca

Лука крие голема тајна. Тој е морско чудовиште. Но, сè што сака е да биде ист како луѓето и секако – да има пријатели.

Прекрасен цртан сместен на италијанската ривиера кој носи лекција за љубовта, пријателството и себеприфаќањето.

Sing 2

Музикалните пријатели на Бастер Мун се повторно тука. Овојпат, тие имаат невозможно мисија – да го направат најдоброто музичко шоу досега со ѕвездата која 15 години е пензионирана и никој не знае каде се наоѓа.

Encanto

Семејството Мадригали живее скриено во планините на Колумбија, во шармантното место наречено Енканто.

Магијата на ова необично место го благословува секое дете во семејството со уникатен дар, секое дете, освен Мирабел.

PAW Patrol: The Movie

Рајдер и неговиот тим од шест интелигентни кученца тргнуваат да го спречат градоначалникот Хамдингер кој сака да направи хаос во раздвижената метропола.

The Mitchells vs. the Machines

Мичелс, кои се прилично дисфункционално семејство, среде нивното долгоочекувано патување, мора да се борат со роботи со цел да го спасат човештвото.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури...
10 нови филмови на Нетфликс кои ги освоија симпатиите на публиката Нашата омилена филмска платформа Нетфликс нè изненади со одлични филмски оствару...
„Смрт на Нил“ и уште 9 нови возбудливи филмови што ќе сакате да ги погледнете Публиката со големо нетрпение ја дочека втората филмска адаптација на Кенет Бран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg