Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-09-2023


10 нови филмови на Нетфликс кои ги освоија симпатиите на публиката

Нашата омилена филмска платформа Нетфликс нè изненади со одлични филмски остварувања во текот на летната сезона.

10-novi-filmovi-na-Netfliks-koi-gi-osvoija-simpatiite-na-publikata-01.jpg

Филмската понуда опфаќа по нешто за сечиј вкус – малку драма, малку романса, малку акција, малку еротика... Можеби критичарите не се воодушевени од сите овие филмски наслови во продукција на Нетфликс, но публиката ги поздрави со аплауз:

Look Both Ways

Како што наближува нејзиното дипломирање, животот на Натали почнува да се развива во две паралелни реалности: едната во која таа останува бремена и мора да се грижи за своето бебе во нејзиниот роден град во Тексас, и другата во која се сели во Лос Анџелес за да ја продолжи својата кариера како аниматор.

Day Shift

Тој е татко кој само сака да се грижи за својата ќерка. Неговата навидум здодевна работа која опфаќа чистење базени е само фронт за неговата вистинска професија: лов и убивање на вампири.

The Gray Man

Неговиот идентитет не му е познат никому, но тој е главниот адут на ЦИА. Кога полека ги открива тајните на агенцијата, неговиот поранешен колега решава да го ликвидира по секоја цена.

Hustle

Откако кошаркарски скаут открива извонреден играч во странство, тој го носи момчето во САД без никакво одобрение од неговиот тим, со желба новооткриената ѕвезда да заигра во НБА лигата.

Purple Hearts

Таа сонува да стане познат музичар, но боледува од дијабетес. Не можејќи да се избори со медицинските трошоци се согласува на договорен брак со згоден маринец кој наскоро заминува во Ирак.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
„Елвис“ и уште 5 ремек-дела на генијалниот Баз Лурман кои не смеете да ги пропуштите Баз Лурман (59) е австралиски режисер, сценарист и продуцент, познат по специфич...
8 комедии со Кевин Џејмс чии хумористични сцени ќе ве натераат на смеење до солзи Живееме брз и стресен живот, па неретко секому од нас одвреме-навреме му е потре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg