Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови и серии инспирирани од британското кралско семејство кои вреди да ги изгледате

The King’s Speech е одличен филм кој прикажува мал, но значаен дел од животот на кралот Џорџ VI – таткото на Елизабета, додека серијата The Crown се фокусира на британското кралско семејство од крунисувањето на кралицата Елизабета II, па сè до денес.

10-filmovi-i-serii-inspirirani-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-koi-vredi-da-gi-izgledate-01.jpg

Историјата нa британската монархија опфаќа неколку векови, а на тронот седеле бројни владетели.

Нормално, нам најпознати ни се владетелите од поново време, како сегашниот крал Чарлс, кралицата Елизабета II, нејзиниот татко – кралот Џорџ VI, но и членови на кралското семејство како наследниците на тронот и поблиското семејство на Елизабета.

Со толку богата историја, британската монархија е инспирација за бројни играни филмови, серии и документарци, и тоа уште од почетоците на филмската индустрија.

Во продолжение десет филмови и серии инспирирани од британската монархија кои вреди да ги изгледате:

The Crown

Серијата која почна да се емитува во 2016 година го опфаќа периодот од крунисувањето на кралицата Елизабета II, па сè до денес.

Иако многу детали се измислени, серијата сепак прикажува вистински важни настани од историјата на Англија и кралското семејство.

Досега се излезени четири сезони од серијата, додека премиерата на петтата е закажана за ноември годинава.

Наводно, се работи и на шеста сезона, за која креаторите велат дека најверојатно ќе биде и последна.

;

Spencer

Овој филм е класифициран како историска фикција, што значи повеќето настани се измислени. Но, не значи дека не вреди да го погледнете.

Дејството е сместено во 1991 година, во период кога кралското семејство се подготвува за претстојните божиќни празници.

Во фокус на филмот е принцезата Дијана, која ја глуми Кристен Стјуарт, и психолошките проблеми со коишто се соочувала во овој период.

The King’s Speech

Одличен филм кој прикажува мал, но значаен дел од животот на кралот Џорџ VI, таткото на кралицата Елизабета.

Откако седнува на тронот, кралот Џорџ има проблеми со пелтечење. Тој почнува да посетува терапевт со кого се зближува и почнува прекрасно пријателство.

Главните улоги им припаѓаат на Колин Фирт, Џефри Раш и Хелена Бонам Картер.

Elizabeth

Ова е филм што ѝ донесе Оскар на Кејт Бланшет која ја глуми кралицата Елизабета I.

Дејството на филмот го опфаќа почетокот на владеењето на кралицата, заедно со сите предизвици и проблеми кои доаѓаат со нејзината нова титула.

Таа се соочува и со луѓе кои сакаат да ја тргнат од тронот, па дури и пробуваат да ја натераат да се омажи за маж кој не го сака.

Diana: In Hew Own Words

Овој документарец од 2017 година содржи снимки од принцезата Дијана, од кои повеќето не биле објавени претходно.

Во документарецот, Дијана зборува за нејзиниот личен живот, вклучувајќи го и бракот со Чарлс.

Ова е можеби најгледаниот документарец за покојната принцеза, најмногу бидејќи ја дава нејзината перспектива за многу работи.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Заврши снимањето на краткиот филм „Време на заедништво“ со Јасна Ѓуричиќ во една од улогитe Заврши снимањето на краткометражниот филм „Време на заедништво“, во режија на Ра...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg