10 анимирани празнични филмови во кои ќе ужива целото семејство

Едни од најмагичните празници во целата година веќе се тука, а времето поминато со целото семејство во овие денови секогаш е најдрагоцено. Има толку многу идеи за семејни активности, а една од омилените е гледањето одлични филмови заедно.

10-animirani-bozhikni-filmovi-za-celoto-semejstvo-01.png

Без разлика дали имате мали деца или не, живеете со вашите родители или со баба ви и дедо ви, оваа листа од 10 празнични аниминирани филмови сигурно ќе ве стопли и ќе ви ја донесе магијата на сезоната.

Повеќето од нив имаат смешни моменти кои ќе ја исполнат вашата куќа со добро расположение. Може да поминете часови со овие анимирани филмови и да не ви биде досадно.

Што ќе си одберете од нашата листа?

Scrooge: A Christmas Carol

На Бадник, скржавиот бизнисмен Скруџ е посетен од духот на неговиот поранешен деловен партнер Џејкоб Марли, како и духовите на божиќното минато, сегашноста и иднината, со надеж дека ќе го натераат да ги поправи минатите грешки и ќе стане дарежлив човек.

Shaun the Sheep: The Flight Before Christmas

За време на една празнична авантура, ликовите треба да ја спасат најмалата овца да не стане божиќен подарок.

Филмот трае само 30 минути, па затоа е одличен за најмалите.

Klaus

Еден поштар е принуден да се пресели во Смиренсбург со неговиот татко.

Сепак, тој се здружува со повлечениот производител на играчки, Клаус, за да шири радост во мрачниот град.

Allien Xmas

Кога вонземјаните се обидуваат да ја украдат гравитацијата на Земјата, само духот на Божиќ кој дава подароци и малиот вонземјанин по име Х можат да го спасат светот.

Robin Robin

Робин е мала птица израсната од семејство глувци која има само една желба за Божиќ - да научи како да лета.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури...
„Смрт на Нил“ и уште 9 нови возбудливи филмови што ќе сакате да ги погледнете Публиката со големо нетрпение ја дочека втората филмска адаптација на Кенет Бран...
10 нови серии на кои вреди да им дадете шанса Зарем има подобро чувство од почнувањето на нова серија за која сè уште никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg