5 скандинавски криминалистички ТВ серии на Нетфликс, кои ќе ги изгледате во еден здив
Снегот можеби се стопи на многу места, но сè уште имаме многу прогнози за студени денови пред нас. А, сивото небо и ниските температури се совршен изговор да се скриете под ќебето со шолја топло какао и да се насладите на некои криминалистички ТВ серии.
Скандинавските серии се познати по сложените заговори за убиства и мистерии кои често се испреплетени со политичка корупција.
Нема многу брканици со автомобил, експлозии или сцени со тепачки. Насилството е повеќе од психолошка природа, што често ги прави уште попрогонувачки.
Во продолжените ви споделуваме 5 скандинавски криминалистички ТВ серии кои сигурно ќе ви се допаднат:
The Bridge
Она што изгледа како едно тело се испостави дека се две половини од различни жртви сошиени заедно, и ова е само почеток на низата насилства што ќе ги остави полициските сили на две земји засекогаш променети.
The Valhala Murders
Она што започна со прободување со нож во пристаништето Рејкјавик наскоро прераснува во серија убиства низ целата земја, принудувајќи го Арнар да се врати дома во Исланд од неговата меѓународна функција во Норвешка за да им помогне на локалните полициски сили во истрагата.
Borderliner
Кога еден млад човек извршува самоубиство, искусен полициски детектив по име Николај Андреасен се враќа во својот роден град од Осло со цел да помогне во истрагата.
Deadwind
Протагонист на серијата е Софија Карпи, фински полициски детектив и мајка на две деца. По несреќа што резултирала со смрт на нејзиниот сопруг, таа се враќа во Хелсинки за да работи како детектив за убиства со локалната полиција.
Заедно со нејзиниот нов партнер Сакари Нурми, двајцата го истражуваат исчезнувањето и убиството на Ана Бергдал, консултант за социјални прашања и нејзината поврзаност со фирма за истражување на енергијата на ветерот наречена Темпо.
Trapped
Не долго пред моментот кога едно тело е откриено од рибари, брод со над 300 патници од Данска остана заробен од снежна бура, што дополнително ја комплицира истрагата и заврши со повеќе осомничени од очекуваното.
M. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





