10 (мрачни) филмови на режисерот Тим Бартон, додека ја чекате втората сезона од Wednesday

Ако ви се допадна мрачната, но забавна серија Wednesday (и го сакате Џони Деп), тогаш мора да ги изгледате најпопуларните филмови на режисерот Тим Бартон.

10-mrachni-filmovi-na-rezhiserot-tim-barton-dodeka-ja-chekate-vtorata-sezona-od-wednesday-01.jpg

Серијата Wednesday веднаш ја освои јавноста поради забавната приказна, но и уникатната мрачна атмосфера.

А, ова се епитетите со кои може да се опише секој друг проект на Тим Бартон, без разлика дали станува збор за филм или серија.

Тим Бартон режираше четири од осумте епизоди во Wednesday, а истовремено е и извршен продуцент на серијата.

Па, ако ви се гледа нешто слично додека ја чекате втората сезона, сигурно ќе ви се допаднат следниве филмови:

Sleepy Hollow

Хорор-филмот Sleepy Hollow е инспириран од култната морничава приказна на Вашингтон Ирвинг – The Legend of Sleepy Hallow.

Главните улоги им припаѓаат на Кристина Ричи и Џони Деп.

Дејството на филмот е сместено во 1799 година, кога жителите на селото Sleepy Hollow (заспана долина) се соочени со морничава мистерија.

Тие почнуваат да наоѓаат обезглавени трупови, а виновникот е мистериозниот обезглавен јавач.

Тогаш во селото доаѓа Икабод Крејн кој треба да ја реши мистеријата за идентитетот на убиецот.

;

Frankenweenie

Одличен анимиран филм во кој дефинитивно ќе уживаат и децата, и возрасните.

Филмот е направен со омилената техника на Тим Бартон – stop-motion анимација – и е комбинација од научна фантастика и хорор.

Приказната е инспирирана од романот Франкенштајн на Мери Шели.

Главниот лик е младиот научник Викор Франкенштајн кој има миленик куче.

Кога кучето е усмртено од автомобил, Виктор пробува да го оживее со помош на струја – исто како Франкенштајн во морничавиот роман.

Edward Scissorhands

Уште еден филм во кој главниот лик го има Џони Деп, можеби омилениот актер на режисерот.

Покрај него, во филмот се појавува и Винона Рајдер.

Главниот лик е Едвард кој наместо раце, има ножици, и не може да се вклопи во општеството.

Поради ова, живее сам во мрачен замок, но одеднаш во неговиот живот почнуваат да се случуваат и убави нешта.

Alice in Wonderland

И повторно, филм на Тим Бартон со Џони Деп во главната улога.

Оваа адаптација на романот на Луис Карол се смета за една од подобрите, а филмот има и одлична актерска екипа, вклучувајќи ги Ен Хатавеј, Хелена Бонам Картер и Миа Васиковска.

Веројатно дејството ви е веќе добро познато – Алиса оди во Земјата на чудата каде што ги сретнува најчудните суштества, како зајак со часовник, мачка што се смее и цвеќиња што зборуваат.

Big Fish

Филот е направен според истоимената книга на Даниел Волас, а во главните улоги гледаме одлични актери како Еван Мекгрегор, Хелена Бонам Картер и Дени Девито.

Главните ликови се Вил и неговиот татко кој е болен од рак. Кога Вил доаѓа да го посети, татко му почнува да му раскажува луди приказни од неговиот живот.

Таткото голем дел од времето минувал на пат и додека Вил бил мал, му раскажувал за лудите авантури кои се граничат со фантазија.

Сега таткото повторно ги раскажува истите приказни, но Вил е убеден дека се лага и го моли татко му да му ја каже вистината.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg