10 мрачни комедии кои добро ќе ве насмеат, но и ќе ве натераат да размислувате

The Banshees of Inisherin, кој е номиниран за Оскар за најдобар филм, не само што ќе ве насмее, туку ќе ве натера да размислувате за осаменоста и за тоа дали залудно си го „трошите“ животот.

10-mrachni-komedii-koi-dobro-kje-ve-nasmeat-no-i-kje-ve-nateraat-da-razmisluvate-01.jpg

Мрачните комедии обработуваат сериозни теми, како болести, изгубена љубов, па и смрт, но со доза хумор.

На моменти ќе ве натераат да размислувате за животот, а можеби дури и да заплачете, но генерално (добро) ќе ве насмеат.

10 одлични мрачни комедии на кои треба да им дадете шанса:

O Brother, Where Art Thou?

Филмот е инспириран од хомеровата Одисеја и на комичен начин претставува детали од животот на луѓето во Америка во 1930-тите.

Главните ликови се тројца затвореници кои само што избегале од затвор и се во потрага по скриено богатство. Во меѓувреме, еден шериф се обидува да ги фати.

Филмот е во режија на Џоел Коен, а една од главните улоги му припаѓа на Џорџ Клуни.

https://www.youtube.com/watch?v=H6ADs8CjmKQ

The Cable Guy

The Cable Guy е комедија, но граничи и со психолошки трилер.

Главниот лик е маж кој инсталира кабелска телевизија и кој на токсичен начин се обидува да се спријатели со негов клиент.

Главните улоги им припаѓаат на Џим Кери и Метју Бродерик, а филмот е во режија на Бен Стилер.

Little Miss Sunshine

Ова е филм кој ќе ве расплаче, ќе ве насмее, а на крај ќе ви ја промени перспективата за многу нешта.

Главните ликови во филмот се членови на нефункционално семејство, вклучувајќи тинејџер кој дал завет за молчење, дедо зависник од хероин и чичко хомосексуалец кој пробал да изврши самоубиство.

Целото семејство тргнува на пат, откако најмалото девојче изразува желба да учествува во натпревар за убавина во друг град.

The Banshees of Inisherin

Филмот, во кој една од главните улоги му припаѓа на Колин Фарел, годинава е номиниран и за Оскар за најдобар филм.

Дејството е сместено во Ирска, во 1920-тите, а главните ликови се двајца мажи кои се дружат целиот живот, но одеднаш едниот одлучува да стави крај на пријателството.

Jojo Rabbit

Дејството на филмот е сместено во периодот на Втората светска војна, а главниот лик е детенцето Џоџо, чија мајка крие Еврејка на нивниот таван.

Она што го прави филмот уникатен е тоа што ни дава можност да ја погледнеме војната низ невините детски очи.

Филмот има и одлична актерска екипа, со актери како Скарлет Јохансон, Сем Роквел и Ребел Вилсон.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg