Откриени се пратечките вокали на Даниел Кајмакоски на Евровизија

Во очекување на 19-ти мај и првата полуфинална евровизиска вечер на која ќе настапи Даниел, веќе се откриваат сите детали.

so-kogo-ke-bide-daniel-na-evroviziskata-scena-i-kako-ke-izgleda-01

По снимената заедничка песна во април, „Carry the flame“, која беше дел од кампањата на хуманитараната фондација Holiday Heroes во Бугарија за помош на загрозените семејства, Даниел и членовите на MERJ ќе настапуваат заедно на Евровизија.

Марк Мидлтон, Ерик Вилијамс и Џереми Хана кои се дел од американската r&b група MERJ, се музичари со 20-годишно искуство, поранешни членови на групата Blackstreet, добитници на Греми и соработиници со ѕвезди како: Витни Хјустон, Боби Браун, Ашер, Мери Џеј Блајџ и многу други.

Даниел Кајмакоски вели:

„Сè уште не можам да поверувам дека  мојата најголема  желба наскоро ќе стане реалност! Овие неверојатно талентирани музичари отсекогаш ми биле идоли, пораснав со нивната музика, а сега ќе настапaм со нив на Евровизиската сцена! Исполнување на сонот на секој  пејач е да настапува со своите идоли!“

unnamed.jpg

Во позадина на Даниел Кајмакоски и неговите пратечки вокали, ќе работи режисерот и кореограф Мојца Хорват од Словенија. Мојца има долго портфолио на работење со над 40 кореографии за драмски претстави, 6 филмови, 12 мјузикли, 8 опери, и учество во креирање на кореографија за настани како: Зимски Олимписки Игри, отворање на спортски првенства и мјузикли на Бродвеј.

„Бидејќи се работи за балада, настапот е осмислен врз основа на емоцијата на песната, креирање на одреден степен на мистерија и играње со светло”. – изјави Мојца Хорват.

За настапот да изгледа целосен, за изгледот на сцена и надвор од сцена ќе се погрижи стилистката Ивана Рабреновиќ, која ни е веќе позната од соработката со Даниел за време на шоуто Х-фактор.

Ивана исто така има големо портфолио зад себе кога станува збор за сценски настапи, особено во делот на Евровизија.

Седум години по ред Ивана е дел од делегации како официјален стилист. Рабреновиќ работеше со Тијана Дапчевиќ минатата година во Копенхаген, и секако нејзиниот најзабележителен евровизиски проект е Марија Шерифовиќ, победничката на Евровизија, 2007 година.

„Даниел и придружните вокали ќе бидат облечени во црна, бела и сива боја, со детали во некоја јака боја. Мислам дека ни една друга боја освен овие три не може подобро и поскапо да изгледаат на камера. Тоа ми е најважно, да изгледаат скапо и комотно да се чувствуваат во тоа“. – изјави Ивана Рабреновиќ.

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg