Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вечерва започнува највозбудливата Лига на Шампиони!

Вечерва започнува групната фаза од највозбудливите фудбалски натпревари – натпреварите од Лигата на Шампиони!

Vecerva-zapocnuva-najvozbudlivata-Liga-Na-Sampioni

Актуелниот првак на Европа Челзи е веднаш ставен на тежок тест во натпревар против шампионот на Италија, Јувентус. Натпреварот ќе се одигра во среда на Стемфорд Бриџ во Лондон.

Ди Матео е реален и знае дека кој и да е тим, соочен со шампионот на Европа ќе даде се од себе што за тимот на Челзи претставува дополнителна потешкотија но и предизвик. Јуве пак е повратник во ЛШ по цели 3 години а во досегашните натпревари во серија А реди само победи.

Манчестер Јунајтед е вториот тим од Англија кој во среда ќе се обидат да го надминат минатогодишниот шок кога нивниот тим беше елиминиран во групната фаза. Црвените Ѓаволи во дуел против Галатасарај се заколнати дека нема да го повторат шокот од 1993 кога истиот тим фамозно ги исфрли Јунајтед од натпреварите.

Фергусон е спремен за предизвикот, со изразена желба да се заборават несреќните околности од претходната година, го подготвува силниот прв тим за претстојните натпревари. Јунајтед имаше 2 шанси да ја освои лигата на шампиони во директни дуели со малерозната Барселона, а во последната декада двапати ја има освоено круната на Европа.

Во останатите натпревари, Барселона на чело со Тито Виланова кој ги освои сите досегашни натпревари во домашната лига, го пречекува тимот на Спартак Москва во првиот натпревар од групата Г и тоа на домашен терен.

Иако Барселона ќе истрча на теренот без Пујол кој заработи повреда на натпреварот против Гетафе и ќе биде надвор од терените во следниот месец, тие се фаворити против Русите. Спартак Москва сега предводен од екс менаџерот на Валенсија Унаи Емери имаат проблеми во домашниот шампионат оваа сезона.Во групата Г уште ќе се сретнат Селтик и Бенфика на стадионот во Глазгов.

Минатогодишните вице-шампиони Баерн ги пречекуваат Валенсија на домашен терен и оттаму ќе започнат во уште една трка за нивниот петти Европски Куп. Баерн и Валенсија се во групата Ф заедно со Лил и баре Борисов кои пак се сретнуваат во дуел во Франција.

На крајот, Украински Шахтиор игра против ново дојденците од Данска, Нордсјеланд од групата Е, додека Брага и Клуж играат во рамките на групата Х.

Сместете се удобно во вашите домови, облечете го дресот на вашиот тим и спремете се за уште една возбудлива фудбалска сезона!

Би можело да ве интересира:

Златни момци! Нашите кошаркари до 18 години се европски шампиони - 8 натпревари без пораз во Скопје Горди сме на нашите момци - кошаркарите до 18 години го освоија првото злато на ...
Како ќе изгледа Мбапе до крајот на Европско? – Фудбалерот се шегува на своја сметка, откако се повре... „Имате идеја за маски?“ – се пошегува Килијан Мбапе откако имаше повреда на носо...
Турчинка е хит кошаркарски тренер - со високи потпетици на теренот го бодри својот тим (фото) „Јас сум жена која ја прикажува женската моќ“, вели Селен Ердем од Турција, која...
Браво! Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс Македонецот Бобан Илиоски нè направи горди - ја освои титулата европски шампион ...
Кога на 17 години стануваш првак на Европа и радоста ја делиш со твојот помал брат (видео) Видеото на кое Ламин Јамал го држи во раце своето бебе братче и му дава да си иг...
Леќи во боја на фудбалски топки, фолклор – Најлудите маски на Европското првенство во фудбал 2024 Навивач на Белгија со маска со помфрит, Албанците со националните бои, а Италија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg