7 митови за Windows 7
Да, Windоws 7 излезе дури во четвртокот, но тоа не спречи многубројни митови да се развијат за многу саканиот, но и многу омразениот оперативен систем...
...на Microsoft. Големиот публицитет околу новиот Windows 7 дозволи да се развијат многу приказни и шпекулации.
7 главни точки кои ги збунија луѓето во врска Windows 7 се:
- Windows 7 вклучува само минимални подобрувања на Windows Vista. Пренагласено, но не и невистинитo. Со Windows 7, Microsoft се врати на своите корени. Vista беше огромен обид да се подобри основата на самиот Windows. Следбеникот на Vista го нема тој проблем затоа што повеќе е посветено внимание на унапредување на
корисничкото искуство. - Морате на вашата Vista да и направите апгрејд. Лансирањето на Vista беше буквално болно. Системот ги малтретираше луѓето со непотребни безбедносни работи, не поддржуваше доволно од хардверот кој се приклучува на компјутерот и предизвикуваше многу други проблеми кои предизвикаа разочараност кај луѓето. Но, повеќето од Vista корисниците ги надминаа овие проблеми. Ако имате систем кои работи солидно, тогаш Windows 7 нема што подобро да ви понуди освен некои разлики кои можеби и воопшто нема да ги забележите.
- Windows XP е сè уште подобар. Можеби ХР навистина работи побрзо отколку Vista на повеќето компјутери, но Microsoft со години работи да произведе оперативен систем кој е посигурен и стабилен и успеа во тоа. Windows 7 ги презема сите тие карактеристики од Vista, но вклучува и други подобрувања во однос на корисничкото искуство.
- Корисниците на ХР не можат да апгрејдуваат. Точно е дека Microsoft не ја направил преселбата од ХР на 7 да биде едноставна. Ако го инсталирате 7 врз Vista, тогаш софтверот, подесувањата и податоците ќе ви бидат префрлени. Но, тоа не е случајот и со ХР. Но, не е сè изгубено бидејќи постојат други софтвери кои можат оваа преселба да ви ја направат побезболна.
- Windows 7 е скап. Кога ќе ги погледнете цените изгледаат малку неразумни со оглед на тоа што 7 е дериват на Vista. Но, среќните Vista корисници нема да имаат потреба да се префрлат на 7. Доколку се одлучат за тој чекор, тоа ќе ги чини $119.
- Првата верзија ќе биде хаос. Секогаш е попаметно кога нов софтвер ќе излезе на пазарот да се почека реакција од пазарот, па потоа да се купи. Но, со оглед на позадината на 7, Microsoft нема да дозволи да се случи истото фијаско како со Vista.
- Mac корисниците треба да го напуштат Apple. Апсолутно неточно. Софтверот на Apple е единствениот кој што едноставно работи и точка. Можеби е тоа поради малиот сегмент од пазарот кој што го има, можеби поради тоа што Apple сам го прави софтверот и го склопува хардверот. Но, сето тоа е ирелевантно во однос на пуштањето на Windows 7 бидејќи во основа тие имаат сосема различни профили на корисници.
Би можело да ве интересира:
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил...
„За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари
Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“?
Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина
MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА
Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони
Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
