Што е одговорно кредитирање?


Што е одговорно кредитирање?

Одговорното кредитирање има за цел да превенира доделување на кредити на физички и правни лица, кои можеби ќе се соочат со потешкотии да ги исплатат своите кредити во иднина.

sto-e-odgovorno-kreditiranje.jpg

Одговорното кредитирање дејствува според најдобрите интереси на клиентот, а подразбира обезбедување на достапност и транспарентност на условите на кредитот и поддршка на примателот на кредитот доколку се соочи со потешкотии во отплатата. Давателите на кредит имаат одговорност да осигураат дека примателите на кредитите ги разбираат деталите за кредитот и вршат темелни проверки на сите приматели на кредити, за да можат да бидат уверени дека тоа што го добиваат клиентите ќе биде соодветно за нивните околности и можности.

Тоа е одговорна деловна практика што делува двострано - го штитат и клиентот и ѝ овозможуваат на индустријата да се развива.

Во Северна Македонија, поголемите небанкарски финансиски друштва ја основаа Асоцијацијата на Финансиски Друштва - АФД, чијашто мисија е да промовира сигурни, општествено одговорни и одржливи практики за кредитирање, кои се позитивно оценети од клиентите и регулаторот. Во исто време, АФД работи на промовирање на можностите што ги нудат Финтек компаниите, а од  кои ползуваат и поединците и општеството како целина. Членовите на АФД потпишаа Кодекс за добра пракса, кој има за цел да обезбеди повисоко ниво на заштита и јасни правила за соработка за клиентите кои добиле кредит или планираат да земат кредит во членка на Асоцијацијата. Кодексот се занимава со прашања како што се проценка на кредитоспособноста на клиентот, етички маркетинг, брза и соодветна постапка за преглед на поплаки и наплата на долгови. Со цел да осигура дека членовите постапуваат согласно членовите утврдени во Кодексот, членовите на Асоцијацијата обезбедуваат соодветна обука на своите вработени.

Дополнително, членките на Асоцијацијата се препознаени со ознаката за сообразност „Одговорен кредитор“, кој ги истакнува оние кредитори кои се членки на Асоцијацијата и се целосно посветени на работење во согласност со принципите утврдени со Стандардот на добра практика. Проверете повеќе овде>>>

Тиго Фајнанс се залага за одговорно кредитирање и е член на Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија.

Овозможено од tigo.mk

Повеќе за Тиго>>>

Би можело да ве интересира:

Кога да земете кредит од финансиско друштво? Краткорочните кредити се наменети за пресретнување на неочекувани потреби за фин...
Што е каматна стапка и што тоа значи? Зошто речиси сите кредити имаат каматна стапка? Каматната стапка е стапката со која ја плаќаме цената за привременото користење ...
Што се краткорочните кредити? Кога некој има потреба од средства за пресретнување на неочекувани финансиски по...

Најчитани неделава