Што е финансиски систем?


Што е финансиски систем?

Финансискиот систем е збир на институции; финансиски пазари; финансиски средства и инструменти и финансиски услуги, чија главна цел е размена на средствата.

sto-e-finansiski-sistem.jpg

Финансискиот систем може да дефинира на глобално и национално ниво, а претставува збир на процеси кои ги следат финансиските активности. Во наједноставна форма, финансискиот систем е систем што им овозможува на давателите на кредит и примателите на кредит да разменуваат средства. Финансискиот систем опфаќа финансиски трансакции и размена на пари помеѓу инвеститори, даватели на кредит и приматели на кредит, а е составен од сложени модели, кои ги прикажуваат финансиски услуги, институции и пазари и кои ги поврзуваат депонентите со инвеститорите.

Финансискиот систем ја овозможува алокацијата, инвестициите и меѓусебната соработка помеѓу финансиските сектори.

Финансискиот систем има клучна улога во економскиот развој на земјата. Тој ги овозможува и промовира и штедењето и инвестициите, но и создава врска помеѓу сите негови чинители, а воедно и ја олеснува експанзијата на финансиските пазари.

Финансиските институции како дел од финансискиот систем се делат на традиционални финансиски институции (банки, штедилници) и небанкарски финансиски институции - НБФИ (осигурителни компании, пензиски фондови, лизинг, небанкарски финансиски друштва).

Видете повеќе која е разликата помеѓу традиционалните финансиски институции и  небанкарските финансиски друштва – овде>>>

Финансиските пазари како елемент на финансискиот систем претставуваат пазари на кои се среќаваат понудата и побарувачката за финансиски средства и ја играат најважната економска функција – зголемување на економската ефикасност. Од аспект на предметот кој се тргува на пазарите и неговата рочност, финансиските пазари се делат на пазари на пари и пазари на капитал.

Финансиските инструменти се важна компонента на финансискиот систем. Средствата со кои се тргува на финансиските пазари се нарекуваат финансиски средства, обврзници, или друг вид на финансиски инструменти. Тие претставуваат облици во кои може да се држи имотот на субјектите на стопанството или пооделни сектори. На нивната развиеност делуваат бројни фактори, а пак, развиеноста на финансискиот пазар се мери преку развиеноста на инструментите. Најважни финансиски инструменти се: пари, чекови, меници, акции, обврзници, благајнички записи, комерцијални записи и сл.

Финансиски услуги е термин што се однесува на услугите што ги нуди финансискиот пазар. Финансиски услуги е исто така термин што се користи за да се опишат организации кои се занимаваат со управување со пари. Примери се традиционалните финансиски институции, НБФИ,, осигурителните компании, компаниите за кредитни картички и брокерските куќи и сл.

Овозможено од tigo.mk

Би можело да ве интересира:

Што е каматна стапка и што тоа значи? Зошто речиси сите кредити имаат каматна стапка? Каматната стапка е стапката со која ја плаќаме цената за привременото користење ...
Кога да земете кредит од финансиско друштво? Краткорочните кредити се наменети за пресретнување на неочекувани потреби за фин...
НБФИ... што е тоа? Знаеш? За почеток, да дефинираме што всушност претставуваат финансиските институции. Ти...