Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов?
Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува поголем паричен бонус.

Седмиот месец во годината повторно носи промени во приходите и трошоците кај секој хороскопски знак.
Во јули за едни работите ќе тргнат напред, а други, пак, ќе имаат мала или поголема загуби, зависно од одлуките, проценките и моменталната ситуација.
Во која од овие категории сте вие? Дали ќе добиете пари ли ќе имате повеќе трошоци?
И што ви носи јуни 2026 на финансиско поле?
Овен
На почетокот на месецот ќе бидете многу нестрпливи - ако веќе направивте некој деловен потег од кој очекувате добивка, сакате што е можно побрзо да видите финансиски резултати.
Ова ќе биде поволен месец за оние што имаат приватен бизнис, зашто се можни поволни вложувања.
Останатите нека избегнуваат позајмици пред средината на месецот.
Бик
Некои Бикови месецов ќе добијат понуда за работа во голема компанија или во фирма со странски капитал, а со тоа и поголема плата.
Од средината на месецот парите ќе почнат да ви доаѓаат од неколку страни.
Финансиската ситуација може да ви се поправи и благодарение на стар, заборавен долг или неочекуван бонус.
Близнаци
Овој месец некои Близнаци ќе побараат унапредување и поголема плата, или пак, тоа ќе им биде понудено од работа.
Поголем прилив на пари ќе имаат оние што работат во медиуми или се бават со пишување.
Пред крајот на јули е можна средба со личност на која ѝ должите пари или која ви должи вам - конечно ќе го решите и тоа финансиско прашање.
Рак
Ова ќе биде исклучително поволен финансиски период за вас, и ќе ви донесе можност за заработка и тоа на самиот крај на месецот, околу 29 јули.
Некои Ракови ќе добијат бонус или покачување на платата, а други ќе најдат дополнителен финансиски приход што ќе им ја зајакне финансиската стабилност и во идниот период.
Раковите што планираат да отворат своја фирма, треба да го искористат овој поволен период.
Лав
Некои Лавови во јули ги очекува бонус, К-15 или покачување на платата.
Но, повеќето претставници на овој знак треба да бидат внимателни при носењето финансиски одлуки за нешто големо - ако треба побарајте и правен совет.
Крајот на месецот ќе биде поволен на поле финансии за оние што се занимаваат со уметност или јавна работа.
Девица
Овој јули ќе имате прилив на пари само ако не тактизирате, туку бидете похрабри во носењето деловни одлуки.
Девиците што работат во семејна фирма или кај пријатели, во јули ги очекува поголем паричен бонус.
Но, пред крајот на јули намалете ги трошоците и пробајте да остварите макар мала заштеда.