Финансиски хороскоп за јули 2026: Кои знаци ќе имаат добивка, а кои ќе загубат пари месецов?
Вага
На почетокот на месецот е можно некој да се обиде да ве изигра за пари, па бидете внимателни.
Но, астролозите велат дека месецов „ќе им тргне“ на Вагите на сите полиња, особено на финансиско.
Ако имате поголема заштеда, ова е добар период за вложување во недвижнини или на берза.
Скорпија
Парите овој месец не би требале да ви бидат проблем, а некои Скорпии ќе остварат добивка преку игри на среќа.
Кон средината на месецот може да добиете деловна понуда да смените работа за поголема плата, но можеби е подобро да ја одбиете.
Стабилниот финансиски период продолжува - не носете одлуки што може да го сменат тоа.
Стрелец
Во јули ќе се посветите на решавање некои заостанати финансиски проблеми, а за тоа ќе ви треба или стручен совет или да размислите за земаење кредит.
Особени бидете внимателни во ситуации во кои се мешаат парите и пријателството.
Некои Стрелци ќе се соочат со финансиски проблем кон средината на месецот.
Јарец
Овој месец очекувајте голема финансиска трансформација - ќе почнете да размислувате за изворите од кои ги заработувате парите, а ќе барате и алтернативни извори за приход.
Особено поволен е крајот на јули, кој ќе ви донесе мал екстра приход или К-15.
Јарците кои работат во областа на банкарството и економијата, може да очекуваат поволен паричен период.
Водолија
За некои Водолии ова ќе биде период полн со нервози, предизвикани од недостатокот на пари или финансиска загуба.
Ако одложувате некоја одлука поврзана со пари, и во следните неколку недели не носете голема одлука.
Водолиите кои работат во областа на уметноста или на кои уметноста им е хоби, може да очекуваат мал прилив на пари.
Риби
Финансиските чекори што ќе ги направите во првите денови од јули ќе ви бидат основа за добар финансиски раст до крајот на годината.
Месецов ќе добиете шанса за работа на проект кој ви изгледа привлечно, а кој е истовремено и финансиски исплатлив.
Некои Риби сепак ќе мора да го намалат трошењето во втората половина на месецот доколку не сакаат да влезат во „финансиска дупка“.
А. Ј. | Црнобело