Годишен хороскоп за 2013 – Скорпија

godisen-horoskop-za-2013-skorpija-1

Општо: Годишниот хороскоп за скорпија советува сите во овој знак да обезбедат добра работна позиција, како и да го средат љубовниот живот до крајот на септември, кога Сатурн влегува во сончевиот знак. Оваа комбинација ќе ви донесе богат период и преплет на многу ситуации околу средината на годината. Што се однесува до друштвените активноси и поминувањето на времето со пријателите нема да ви оди од рака, па затоа ве советуваме да избегнувате големи собири и мешање на различни друштва.

Работа: Искористите ги изненадните добивки, но добро размислете кога станува збор за трошење. Пробајте да штедите. Можеби во текот на оваа година ќе ви биде задоволство да соработувате со вашите партнери на работното место и тие ќе бидат отворени за забава, меѓутоа ве советуваме да не им верувате потполно. Спаѓате во искрените знаци, кои е многу лесно да бидат искористени, па затоа бидете внимателни со вашите разговори и проекти во кои се вклучени и други луѓе. Некој оваа година ќе се обиде лесно да ве надитри и измами, доколку се потпрете на вашата наивност. Сепак позитивни случки ќе имате кон крајот на 2013та, кога ќе имате можност да воведете ред во своите инвестиции и евентуално да ја подобрите работната околина.

godisen-horoskop-za-2013-skorpija-2

Љубов: Првиот и последниот квартал на годината ќе ви донесе несогласување со партнерот, кои можете да ги совладате единствено со искрена и смирена комуникација. Средниот дел на годината ќе го искористите за исправување на грешките и за смирување на сите недоразбирања. Постојат многу мали шанси во текот на оваа година да ја пронајдете љубовта на вашиот живот, бидејќи ќе уживате во мали, кратки љубовни авантури. Пробајте да ги контролирате врските помеѓу пријателството и сексуалните авантури, бидејќи такво недоразбирање може да ви донесе само загуба на многу добар пријател.

Здравје: Како и во љубовниот живот, почетокот и крајот на оваа година ќе ви донесат здравствени проблеми, така што задолжително ќе треба да размислите за промена на начинот на исхрана. Пробајте да го намалите количеството на алкохол и цигари, кои може да ве доведат до навистина ризични и лоши здравствени состојби оваа година.

Во оваа година големи се шансите да видите личност која не сте ја виделе долго време, па со нејзе ќе остварите контакт и блискост каква што одамна сте немале. Ве очекува немирна година полна со турбуленции во вашиот живот.

Среќни броеви во оваа година: 5, 13, 22, 36, 42

Среќен месец: Ноември

Песна која ќе ви ја одбележи оваа година:

Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Кој е вашиот знак во ромскиот хороскоп и што открива за вас? Ромскиот хороскоп прецизно го опишува карактерот на секој знак. Родените во знак...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg