Храната и хороскопските знаци

Кој знак како се однесува кога е во прашање храната? Овенот е голем гурман, Бикот не сака да го вознемируваат додека јаде, a Стрлецот сака да проба сè...

hranata-i-horoskopskite-znaci-01.jpg

Овен
Голем гурман, го посолува јадењето пред да го проба, сака и да го забибери, обожава скара, маслинки, сирење и студени газирани пијалaци. Често пати заборава да јаде, но затоа кога ќе седне не знае за доста. Кога е гладен, станува раздразлив и го боли глава.

Астро совет: иако повеќе сакате мешани нозе под маса отколку мешано месо, немојте да ја прескокнувате овошната торта, поради железото кое му е потребно на вашиот организам.

 Бик
Не сака да го вознемируваат додека јаде, а по јадењето сака на мира да ужива во турско кафе. Секогаш ви нуди нешто за грицкање, а кога ќе наминете дома кај Бик, за минута ќе ви подготви нешто за закуска, ќе ве понуди со тукушто зготвено јадење, бидејќи тој сака да јаде со лажица.

Астро совет: Иако го обожавате ајварот, топлата погача и сувомеснато со чаша црно вино, немојте да ја одбегнувате морската риба, поради јодот кој поволно делува на работата на тироидната жлезда - вашата „Ахилова петица“. 

Близнаци
Сите видови инстант храна се идеален избор за сите Близнаци, кои и не се сеќаваат кога последен пат стигнале да јадат. Сепак кога поминуваат покрај некоја фурна и ќе го почувствуваат мирисот на пецивата и топлите сендвичи, на патот до работа, постојано нешто грицкаат. Ако се гладни, стануваат нервозни и помалку помнат.

Астро совет: Наместо жешка пица и леден чај, навечер покрај ТВ, пробајте овошни мусли со млеко или јогурт - извор на витамин Б, неопходен за вашиот организам. 

Рак
Бидејќи е нервозен кога е гладен, секогаш ќе најде време за добар залак и добра голтка. Иако повеќето Ракови уште во раната младост ќе го испијат тоа што им е судено, па после посакуваат да отворат кафуле или ресторан, каде ќе бидат барем домаќини. Секако ништо не е вкусно како ручекот на мама и домашниот сладолед на вујна, но додека стигне до нив - помина цел ден.

Астро совет: Грицнете нешто помеѓу оброци и немојте да ги прескокнувате, бидејќи тоа не му годи на вашиот желудник кој е ваша слаба точка. 

Лав
Лавовите како и Ракот уживаат во вистинска гозба, во двојка или поголемо друштво, иако ќе умеат да уживаат во храната и ако се сами. Сакаат риба, лигњи, а сакаат и да измислуваат специјалитети, а кога Лавот подготвува ручек, го одбира најдоброто парче месо, најсвежиот зеленчук, прави чоколадни колачи и служи само испробани пијалоци.

Асто совет: Иако за вас -„додека не пробам лав, за мене цар на животните е свињата“ обидете се од време на време да јадете овошје цел ден или барем почнете го денот со цеден сок од грејпфрут кој и годи на вашата слаба точка-крвните садови. 

Девица
Бидејќи е пребирлива, а ја бие глас и дека е ориентиирана кон здравата исхрана, Девицата затоа сака сувомеснати производи - чварки или сланина, ситно насецкани на свеж леб. Умее добро да готви, постојано нешто експериментира, но успешно, па домашните ќе се „испотепаат“ околу тенџерето со сарма, додека во кафеана најмногу сака да порача скара (плескавица), со чаша црно вино.

Астро совет: Иако ги обожавате тортите и црното чоколадо, кога ќе застанете на вага ќе се сетите дека го сакате и црното грозје. 

Каква храна сакаат останатите 6 знаци, откријте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg