Изговори според хороскопот


Изговори според хороскопот

Како ќе ви помогнат ѕвездите ако сакате да ви прости саканата личност? Сте згрешиле и сега треба да се извините, прашање е како, кога и со каква помош од ѕвездите.

izgovori-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Еве како ќе ни помогнат ѕвездите при добивањето прошка:

Овен

Овој огнен знак често заборава што рекол во афект. Сметаат дека не е важно она што се случило пред еден час и продолжуваат понатаму. Сепак, ако сте припадник на овој знак обидете се да ја разберете другата страна, а не само да гледате од својот агол - тогаш ќе знаете како да се извините.

Бик

Биковите се миротворци, но кога ќе експлодираат – знаат многу да се налутат. Тешки се на извинувања, па затоа еден совет – ако сте припадник на овој знак, извинете се со дела, или пак со писмо, порака или некој друг алтернативен начин кој не вклучува зборови искажани со уста.

Близнаци

Како и Овните, и Близнаците често не разбираат зошто другата страна се нервира. Бидејќи често знаат да не се грижат за туѓите чувства, треба повеќе да се поврзат со срцето, а не со главата, па тогаш ќе знаат зошто треба да се извинат.

Рак

Овој нежен знак многу се плаши некого да не повреди. Сепак, кога тоа ќе се случи, ќе направат сè за повторно да застанат на мирна подлога. Ракови, кажете ги сите извинувања што ви лежат на срце, па нека падне и некоја солза.

Лав

Лавовите ретко признаваат дека згрешиле. Затоа нивниот партнер ќе знае какво извинување ќе добие, барем некое време. Сепак, совет за Лавовите – раскажете ја својата приказна и прифатете ја туѓата, секако без повишување на тонот. Ако самите го започнете разговорот, другата страна тоа може да го разбере како извинување.

Девица

Ако во хороскопот сте Девица, можеби и не сфаќате, но вашите забелешки повеќе пати може да се разберат како критика и на тој начин можете да ја повредите другата личност. Затоа, бргу приберете се и извинете се, нежно и одмерено, онака како што вие знаете.

Изговорите на останатите 6 знаци откријте ги на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Животни принципи според кои се водат припадниците на знакот Лав Лавовите дефинитивно се социјален тип на личности кои обожаваат да се дружат, но...
4 астро-парови кои се најдобар доказ дека спротивностите се привлекуваат Многу пати сме слушнале дека спротивностите се привлекуваат. Но, дали врските мо...
Како секој хороскопски знак ја покажува својата најлоша страна? Секој човек има своја добра и своја лоша страна, колку и да не сакаме да признае...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg