Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Летен викенд според хороскопот

Вагата признава само шопинг, по можност во странство и тоа во поголемите европски метрополи. Може и по некоја модна ревија, jet set after party на некоја јахта, се зачинето со вкусни деликатеси и квалитетен алкохол. Така ќе биде исполнета и со задоволно срце ќе се врати дома.

Ако помеѓу саботата и неделата нема долги жешки ноќи, ништо од идеалниот викенд за Скорпиите. Саботното попладне со задоволство ќе го помине со пријателите, вечерта на еротско кабаре со партнерот. А потоа следи... појадок во кревет во недела на пладне, зарем не?

Спортски настроените Стрелци би дале се за сплаварење, возење кајак, сурфање на ветер и падобранство. Ним им одговара авантура која ги тестира нивните физички граници, но и менталните – па помудрите меѓу нив ќе одберат дводневен семинар за тема што ги интересира. Трките, разни инвенти и кампирањето се некои од активностите во кои Стрелците ќе уживаат.

Близнакот сака да се врати во младоста па со група на весели пријатели повеќе сака да отиде на концерт на омилениот бенд после што следи лудо ноќно возење во кабриолет, играње на дожд и чекање на мугрите во пијано - среќно – уморно издание. Близнаците со задоволство ќе отидат и на пат во некоја друга земја каде што ќе комуницираат со локалните жители, ако треба со раце и нозе.

На Лавот идеалниот викенд му е секогаш поврзан со летото- провод или продолжена забава на некој брод на морската шир со многу јадење, пијалак и добри „парчиња“. Преку ден ќе има доволно енергија за скијање на вода или возење со глисер, а би било пожелно тоа да го сними и телевизија и да го прикаже во ударен термин за да му завидуваат сите познаници.

Јарецот е повеќе зимски тип – викенд во планинска куќичка на идиличен алпски врв (било во лето или во зима) е по негов вкус. Но, тие сакаат и да патуваат, а кога е веќе така, сакаат да видат што повеќе – па ако станува збор за вашиот партнер бидете подготвени на ригорозен распоред и часови и часови пешачење.

Водолијата ретко кога мисли на себе кога размислува за идеален викенд, тие повеќе би сакале да ги спасуваат шумите, да демонстрираат против нуклеарните централи, да им помагаат на делфините... За тие два дена барем малку би се обиделе да го изменат светот. Но, ако тоа не им е опција – со задоволство би отпатувале на фестивал на отворено или би пробале некоја активност која до сега не ја пробале.



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
4 хороскопски знаци на кои очајно им е потребен одмор Скорпии, можеби пробувате да се убедите дека не ви е потребен одмор, но и самите...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg