Вежбајте според хороскопот

Секој хороскопски знак „управува“ со одреден дел од телото. Овенот е одговорен за главата, Бикот управува со вратот, Близнаците со рамената и горниот дел од телото, Ракот со градите, Лавот со срцето.

vezbajte-spored-horoskopot-01.jpg

Ако се земат во предвид овие разлики, на секој знак му одговараат одреден тип вежби, па прочитајте што ве советува хороскопот.

Овен

Главата е делот од телото со кој управува овој знак. Значи, кога станува збор за затегнување на телото - сè е во главата. Припадниците на овој знак најдобро реагираат на мотивациони книги или ЦД-а. Она што го придвижува Овенот е инспирацијата, па успешни ќе бидат ако платат приватен тренер. Овој огнен знак сака да се натпреварува, па доведувањето во форма ќе биде успешно ако учествува во некој спортски настан.

Бик

Бикот владее со вратот и грлото, каде што е штитната жлезда. Затоа, грижата дали штитната жлезда работи како што треба ќе биде основа за губење на килограми. За да имаат здрав и успешен метаболизам, Биковите мораат да се погрижат да внесуваат доволна количина јодирана сол.

Близнаци

Близнаците владеат со рацете, рамената и белите дробови. Овој знак не смее да пуши затоа што веднаш им слабеат телесните функции, поради што им е тешко да вежбаат. Долгите и брзи прошетки се идеална вежба за белите дробови на Близнаците и им помагаат за побрзо согорување на калориите. Веслањето и јогата ќе им помогнат да го потрошат вишокот на калории, но и да ги одржат мускулите на рацете и грбот убаво обликувани.

Рак

Ракот управува со градите и стомакот, па поради тоа припадниците на тој знак мора да внимаваат што јадат. Најчесто ги водат емоциите, па потсвесно консумираат повеќе калории отколку што им е потребно и ги саботираат обидите за симнување на килограмите. Најдобар начин за родените во знакот на Рак да имаат убава линија е зацврстување на стомачните мускули со вежби во теретана.

Лав

Лавот владее со срцето, што значи дека режим на аеробни вежби ќе го одржи нивното тело во форма. На срцето му е потребно многу трчање, одење, пливање и свеж воздух. Лавовите би требало да избегнуваат мрсни и благи продукти во кои често уживаат, а со цел да го спречат таложењето на маснотии на стомакот и бутовите.

Девица

Овој знак владее со нервите и со системот за варење. Многу одмор ќе им помогне на Девиците да го намалат штетното ниво на кортизол, хормон на надбубрежната жлезда кој учествува во регулирањето на метаболизмот. На Девиците ќе им користи зголемено внесување на производи богати со растителни влакна и редовно чистење на организмот за да ја одржат линијата и да спречат таложење на токсини кои предизвикуваат дебелеење.

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Кој е вашиот знак во ромскиот хороскоп и што открива за вас? Ромскиот хороскоп прецизно го опишува карактерот на секој знак. Родените во знак...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg