Луѓето што се самоубиваат не сакаат да умрат, само сакаат болката да престане

lugjeto-shto-se-samoubivaat-ne-sakaat-da-umrat-samo-sakaat-bolkata-da-prestane-02.jpg

Ги заплашува помислата на смртта и никој не може да знае како се чувствуваат или како размислуваат. Освен ако самите не го споделиле искуството со вас, вие не знаете низ што минуваат.

Некој ќе ги нарече кукавици и ќе ги обвини дека очајно бараат внимание, но не – депресијата е реална и никој не треба да биде осудуван што се соочува со неа. Тие се исплашени, осамени и минуваат низ агонија.

Не велам дека желбата да посегнете по својот живот е во ред. Ужасно е некој да се чувствува вака секој ден. Никој не заслужува ваква агонија.

Но, сакам да знаете дека ако сте биле во депресија или сега сте, оддадете си признание за неверојатната сила што вие како човек стигнавте олку далеку. Честитајте си што преживеавте иако длабоко во себе само сакате да се срушите. Честитајте си што минавте час успевајќи да не го направите тоа што мислите ви го посочуваат.

Знам дека сакате да живеете. Јас сакам да живеете исто така за да ги инспирирате другите со вашата приказна. Сакам да бидете гласот на сите што ги искусиле овие мисли и се сè уште живи за да зборуваат за тоа.

Сакам да пораснете низ сето ова и да знаете дека иако боли и сте на ужасно место, постои причина што сте стигнале дотука. Сакам да знаете дека не е случајност што вашите обиди, не ми е грижа колку и колку екстремни биле, не успеале. Тука сте со причина и сте посилни поради сè низ што поминувавте.

Вие сте борец.

Користете ја својата приказна за да се потсетите за својата сила. Стигнавте далеку и направивте огромен прогрес.

Сакам да знаете дека чукањето на вашето срце е надежта која ја баравте и дека смртта не е единствената опција. Погледнете каде сте сега и погледнете ги сите луѓе што ви влеваат надеж.

Знам дека не е лесно да верувате дека смртта не е единствената опција. Но, вашиот живот вреди, вие сте подобри и посилни секој ден иако не го сфаќате тоа.

И јас сум минала низ тоа, но тука сум сè уште со вас, затоа не се откажувајте сè уште.

Прочитајте и „Се чувствувам безнадежно, како да се давам“: 12 исповеди со фотографии како изгледа анксиозноста!

Извор



Би можело да ве интересира:

„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Што сакаат жените, кога велат дека веќе не сакаат ништо (од вас)? Под влијание на емоциите, жените можат да донесат непромислени и неразбирливи од...
Остававме пораки под клупа на симпатијата - Работи што будат носталгија кај сите што растеа пред моб... Дали сте од онаа генерација што растеше пред мобилните телефони, излезени надвор...
10 докази дека вековите минуваат, а проблемите на луѓето остануваат исти (низ илустрации) Родителите и понатаму мачат исти маки со децата, жените секогаш се жалат дека не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg