Совети за безгрижно и безбедно пливање за време на менструалниот циклус

Не носете влошки додека пливате. Со пливањето се намалува способната на тампонот да впива течности.

soveti-za-bezgrizno-i-bezbedno-plivanje-za-vreme-na-menstrualniot-ciklus-01.jpg

Пливањето за време на менструалниот циклус е целосно изводливо. 

Пливањето е всушност одличен начин за ублажување на ПМС-от и грчевите, како и за подобрување на расположението.

Пред да влезете во вода прочитајте неколку практични совети како безбедно да пливате за време на менструалниот циклус:

Не користете влошки

Бидејќи влошките имаат супер впивачка моќ, нема смисла да ги носите додека пливате, бидејќи ќе впијат еден тон вода.

Освен што не изгледаат добро, не се ниту хигиенски.

soveti-za-bezgrizno-i-bezbedno-plivanje-za-vreme-na-menstrualniot-ciklus--.jpg

Користете тампони, но само доколку и претходно сте ги користеле

Многу поудобно ќе се чувствувате доколку сте навикнати на тампоните.

Се препорачува тампонот да се замени веднаш по излегувањето од вода, бидејќи неговата способност да ја апсорбира менструалната крв слабее со апсорпцијата на вода за време на пливањето.

Внимавајте само да не се случи врвката од тампонот да не „ѕирка“ од под костимот за капење.

Можете да ја скратите со ножици, но не премногу за да немате проблеми при вадењето.

soveti-za-bezgrizno-i-bezbedno-plivanje-za-vreme-na-menstrualniot-ciklus-02.jpg

Изберете добар костим за капење

За време на менструацијата најдобро е да носите костим за капење во потемна боја, па во случај да се случи протекување помалку ќе се познава. 

Најважно е да изберете костим за капење во кој ќе се чувствувате удобно и кој доволно добро ќе ве покрие во долниот дел. 

Така ќе бидете посигурни дека ништо нема да ви протече и ќе бидете поопуштени.

soveti-za-bezgrizno-i-bezbedno-plivanje-za-vreme-na-menstrualniot-ciklus-03.jpg

Носете шорцеви

Доколку ви е потребна дополнителна заштита и ви е непријатно да седите само по костим за капење додека ви трае циклусот, облечете си шорцеви кои исто така ќе бидат во темна боја.

soveti-za-bezgrizno-i-bezbedno-plivanje-za-vreme-na-menstrualniot-ciklus-04.jpg

Менструалните чашки се сѐ попопуларни

Добра замена на тампоните се менструалните чашки.

Менструалните чашки се изработени од флексибилни материјали како латекс или медицински силикон и се наменети за повеќекратна употреба.

Поради материјалот од кој се изработени воопшто не впиваат вода, а доколку се правилно наместени нема да дојде до истекување.

Ваквите чашки единствено не се препорачуваат на жени кои немале сексуални односи или жени кои имаат некаков гинеколошки проблем.

soveti-za-bezgrizno-i-bezbedno-plivanje-za-vreme-na-menstrualniot-ciklus-06.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Freepik

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Цела недела пиев по 3 литри вода дневно – позитивните промени беа поголеми отколку што очекував“ „Најголема промена видов во кожата – лицето веќе ене ми беше суво, туку хидриран...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg