Чудни начини на кои мозокот си поигрува со нашата перцепција

Мозокот ги игнорира и најочигледните промени

Овој феномен е познат и како „слепило пред промени“. На некој начин, ова е одбранбен механизам со кој се спречува преработувањето на сите информации што мозокот постојано ги добива.

Некои научници го забележале ова, па решиле да направат експеримент. Неколку студенти биле пратени на интервју за работа, каде што ги пречекала личност која им помогнала да ги пополнат потребните формулари и им објаснила што треба да прават следно.

Она што не го знаеле студентите е дека зад бирото се криела уште една личност, која во еден момент ја заменила првата.

Двете личности биле со потполно различен изглед, па дури носеле и различна облека.

Но, речиси никој од студентите не ја забележал разликата.

Сега помислете всушност колку промени испуштаме поради ова.

chudni-nachini-na-koi-mozokot-si-poigruva-so-nashata-percepcija-05.jpg

Успехот го гледаме како причина да си дозволиме нешто „забрането“

Ова е докажано со навистина интересен експеримент.

Испитаниците биле поделени во две групи. Секој од нив некој период држел диета и сите имале постигнато добри резултати. Првата група добила честитки за резултатите, но успехот на втората бил игнориран.

Потоа, на испитаниците од двете групи им било дадено да изберат дали сакаат јаболко или чоколадо.

85% од групата испитаници кои добиле признание за успехот одбрале чоколадо. Од друга страна, само 58% од втората група го одбрала чоколадото.

Нашиот мозок навистина сака да бара изговори за да направиме нешто „забрането“ или погрешно. Луѓето кои добиле признание за постигнатите резултати, го гледале тоа како изговор да ја прекршат диетата и да го одберат чоколадото.

chudni-nachini-na-koi-mozokot-si-poigruva-so-nashata-percepcija-06.jpg

Колку ви е пониска самодовербата, толку поатрактивно ви изгледаат другите

Во денешната ера на совршени фотографии, не постои личност чија самодоверба не страдала барем еднаш. Проблемот е што кога имате ниска самодоверба, другите ви изгледаат поатрактивно отколку што навистина се, а ова уште толку ви влијае на самодовербата и останувате заглавени во круг.

И за овој феномен бил изведен експеримент.

Испитаниците требало да погледнат три фотографии од познати личности. Едната фотографија била реална, на втората личноста била направена подебела, а на третата послаба. Испитаниците имале задача да одредат која фотографија не е обработена.

Резултатите биле навистина интересни:

- Ако личноста, без разлика на полот, била задоволна од својот изглед и немал проблеми со самодовербата, лесно погодувала која е реалната фотографија.

- Ако личноста била загрижена за вишокот килограми, ја одбирала фотографијата каде што познатата личност е послаба.

- Ако личноста сметала дека е премногу слаба, ја одбирала фотографијата каде што славната личност е направена подебела.

Од овде може да се заклучи дека нашата реалност е искривена во зависност од нашите несигурности, бидејќи најверојатно сметаме дека другите го немаат тој проблем.

chudni-nachini-na-koi-mozokot-si-poigruva-so-nashata-percepcija-07.jpg

Мозокот не може да разликува фантазија од реалност

Мозокот го дава истиот одговор, без разлика дали правите нешто или само мислиме дека го правите тоа.

Неколку експерименти се обиделе да го докажат ова:

- Испитаниците биле поделени во две групи. Едната група имала задача да свири пијано, а другата само да си замислува дека свири. Реакциите на мозоците на двете групи биле исти.

- Во друг експеримент, научниците ги замолиле испитаниците да си замислат дека пред нив има храна и дека ја јадат. Испитаниците се преправале дека џвакаат и дека голтаат, а подоцна се покажало дека поради ова, им се намалило чувството на глад.

- Неколкупати се покажало и дека нашите мисли и чувства се поврзани. Односно, хемиските реакции во телото ќе се случат, без разлика дали ситуацијата е реална или само сме си ја замислиле. Ако, на пример, премногу се грижите за нешто што не се ни случило, во телото сепак ќе се зголеми нивото на кортизол (стрес хормонот). Но, важи и обратното – ако си замислувате среќни моменти и ситуации, телото ќе лачи повеќе серотонин (хормонот на среќата).

chudni-nachini-na-koi-mozokot-si-poigruva-so-nashata-percepcija-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg