Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност

„Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба да ги избегнувате кога некој тагува за смртта на сакана личност.

raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-nekoj-koj-taguva-za-smrt-na-sakana-lichnost-01.jpg

Смртта на сакана личност е нешто за коешто никогаш нема да бидеме подготвени.

Дури и ако поради болест смртта била очекувана, шокот и тагата од загубата на некој што сме го сакале секогаш се големи.

Кога, пак, сакаме да помогнеме на некој во ваква положба, сите кажуваме некои зборови кои сметаме дека колку-толку даваат утеха.

Сепак, некои зборови некогаш не се соодветни за вакви ситуации и можат да имаат спротивен ефект.

8 работи кои е најдобро да не ѝ ги кажувате на личност која изгубила некој близок:

„Не грижи се, сега е на подобро место“

Ова е мошне честа фраза, но со неа всушност кажувате дека личноста не треба да се грижи за смртта на блискиот.

Ако му речете на некој да не се чувствува тажно, тоа нема да го ослободи од овие болни чувства.

Напротив, личноста може дури да помисли и дека не придавате значење на нејзините чувства.

Покрај тоа, сите имаме различни религиски верувања, а со оваа фраза само го наметнувате вашето во миг на голема тага.

Наместо ова, подобро речете: „Кажи ми нешто за него/неа“.

На овој начин, давате можност личноста да зборува за оној што го загубил, а присетувањето на убавите мигови може барем малку да биде од помош.

raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-nekoj-koj-taguva-za-smrt-na-sakana-lichnost-02_copy.jpg

Не нудите конкретна помош

Нормално е дека сакате да помогнете кога некој тагува, но немојте да прашувате како можете да помогнете.

Кога тагуваме, тешко ни е да се фокусираме на што било, дури и на работи за кои ни треба помош.

Наместо тоа, бидете конкретни.

На пример, прашајте дали може утре да направите вечера за таа личност.

Или, прашајте дали треба помош за некоја домашна обврска, да купите нешто…

raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-nekoj-koj-taguva-za-smrt-na-sakana-lichnost-03.jpg

„Знам како се чувствуваш“ или „Знам низ што минуваш“

Кога-тогаш, сите во животот ќе се соочиме со смрт на сакана личност. Но, кога некој друг тагува, немојте да го спомнувате вашето слично искуство.

Во реалноста, иако можеби и вие сте искусиле загуба, сепак не можете да знаете како точно се чувствува личноста која тагува.

Покрај тоа, со ваквите фрази го пренасочувате фокусот на вас.

Наместо тоа, кажете: „Не знам како се чувствуваш, но овде сум да те ислушам“. Со ова покажвуате разбирање, но и нудите поддршка.

raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-nekoj-koj-taguva-za-smrt-na-sakana-lichnost-04.jpg

„Добро ли си?“ или „Како си?“

Нормално дека личноста која тагува не се чувствува добро, иако најверојатно ќе ви каже дека е во ред.

Јасно е како се чувствува некој кој изгубил сакана личност, па нема потреба од вакви прашања.

raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-nekoj-koj-taguva-za-smrt-na-sakana-lichnost-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg