Те барам, полна со надеж дека повторно ќе ги видам твоите очи

Врне. Есен е. Стоиме некаде таму во темниците помеѓу колите, стуткани еден во друг, не забележувајќи кој поминува. А, можеби и никој навистина не поминува, само јас и ти.

te-baram-polna-so-nadezh-deka-povtorno-kje-gi-vidam-tvoite-ochi-01.jpg

Кои би биле други будали луѓе да се шетаат на ваков дождлив и ладен ден? Никој, само ние заљубените.

А, заљубени ли сме? Јас и ти? Ромео и Јулија? Замисли, одговорот навистина е „Да“.

Носиш црвена јакна, долга, и на капата има меко крзно. Под јакната црна ролка.

Сега ја закопчуваш јакната, секако ти стои убаво, ама добро, изгледа ти е ладно. Ја ставаш капата од јакната, јас ти се доближувам, ти ме фаќаш за половината, се наежувам.

Мириса на кал, навистина мириса на кал, а мене ми се допаѓа тој мирис. Ме потсетува да детството кое го поминав правејќи торти и колачи од кал. Зошто веќе го нема тој мирис?

Толку сум блиску до тебе што иако ми е затнат носот, можам сега го забележам твојот парфем, убав парфем, нежен, кој не ми го убива желудникот, само ми дава чувство на спокој. Или, тоа чувство го даваш ти, а парфемот ме залажува уште повеќе?

Црвената капа толку е голема што и јас сум сега под неа. Крзното од неа ми го чешка челото и ме нервира, на него забележувам снегулки. Можеби паѓаат уште од пред половина час, ама јас сега ги забележувам.

Мрак од околу, нема улични светилки, а нема нити ѕвезди на небото да дадат малце светлина. Само во твојата капа е светло, светат твоите сини очи. Тие се како светол зрак во оваа темна доба од есенската ноќ.

Се тресам, ладно е, а ти топол. Ни се доближуваат усните, топлина во мојата уста, топлина во моето тело, но сè уште се тресам. Студ, возбуда и трема во едно, на едно место, во мене.

Јас со тебе, јас со ова убаво момче? Јас? Ги бакнувам сега твоите очи - прво едното, па другото. Се гушкаме, за да не замрзнеме. Јас сум твоја, навистина сум, ама дали ти си мој?

Да, мој си. Нашите срца чукаат како едно веќе со години, а јас секој миг поминат со тебе го чувствувам исто како и првиот пат кога се бакнавме.

А, сега? После толку време, те нема. Ме остави. Мојата најголема поддршка, најдобриот пријател, љубовник, сакан, момчето со кое станав една личност, ме остави мене на пола и си замина.

На замрзнато срце се „лепат“ најмногу мажи, нели? И сега е така, но ти влезе во моето срце, го скрши и го стави во вреќа. Со години веќе не може да сака, не може да љуби, не може да чука побрзо од нормалното.

Те барам, те барам по улициве сè уште полна со надеж дека некаде и некогаш ќе ги видам повторно твоите очи по кои мечтаам јас…

…Пораснав, а сè уште станувањето наутро ми претставува најголем проблем.

Се тегнам, нозете на едната страна од спалната, а рацете на другата.

Допирам човек. Не можам да земам воздух, не можам да викнам, не можам да се мрднам. Чувство. Те чувствувам тебе. Мирис. Мирисот е твој, сè уште истиот.

Не е можно. Конечно успевам да ги отворам очите. Контакт со сини очи, конечно ги гледам. Тоа си ти, повторно ти…

Автор: Ива Олтовска

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg