Која е работата од соништата на Европејците (и Македонците), според пребарувањата на Google?

Google сподели мапа создадена според 12-месечни податоци од пребарувањата и која покажува за какво работно место сонува мнозинството од некоја држава. Која е работата од соништата на Македонците?

koja-e-rabotata-na-sonishtata-na-evropejcite-i-makedoncite-spored-prebaruvanjata-na-google-01.jpg

Да се има работа од соништата е нешто што е заедничко за повеќето луѓе ширум светот. Европа не е исклучок. Луѓето од различни европски земји имаат различни идеи за тоа која е нивната идеална работа.

Во зависност од нивните интереси и аспирации, некои можеби претпочитаат креативни работни места, додека други можеби сакаат нешто поструктурно.

Google сподели мапа создадена според 12-месечни податоци од пребарувањата и ги прикажува имињата на земјите и каква е работата од соништа на луѓето од таа земја. Од 20-те најпосакувани работни места во светот, пилот, писател, танчер, јутјубер и претприемач ги зазедоа првите пет места.

Која е работата од соништата во земјите од Европа:

1. Македонија - програмер

2. Бугарија, Унгарија, Србија, Норвешка, Романија, Шведска, Финска, Белорусија, Данска, Холандија, Естонија, Грузија, Ерменија - писател

3. Турција, Австрија - актер

koja-e-rabotata-na-sonishtata-na-evropejcite-i-makedoncite-spored-prebaruvanjata-na-google-02.jpg

4. Ирска, Црна Гора, Кипар, Молдавија - пилот

5. Португалија - пожарникар

koja-e-rabotata-na-sonishtata-na-evropejcite-i-makedoncite-spored-prebaruvanjata-na-google-03_copy.jpg

6. Шпанија - инфлуенсер

7. Италија, Луксембург - претприемач

8. Монако, Франција, Швајцарија - адвокат

koja-e-rabotata-na-sonishtata-na-evropejcite-i-makedoncite-spored-prebaruvanjata-na-google-04.jpg

9. Чешка, Словачка - јутјубер

10. Германија - професор

Целата мапа од Европа:

rabotata-od-sonishtata-vo-evropa-spored-prebaruvanjata-na-google-kakva-rabota-sakaat-makedoncite-02.jpg

Овде може да ги видите и мапите со работата од соништата за луѓето од земјите на другите континенти.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg