Какви информации (не) треба да споделувате со шефот?

„Пред шефот никако не ги озборувајте колегите, сепак постои и онака доволно токсичност во секоја фирма. Кога ќе почне озборувањето, вие сменете ја темата“. Но, за кои лични работи е во ред да зборувате со шефот?

kolku-informacii-treba-da-spodeluvate-so-shefot-preteruvate-li-01.jpg

Некои од нас се отворена книга пред шефот, додека други личните информации ги задржуваат за себе како змијата нозете.

Што мислите што е правилно? Сте помислиле ли некогаш дека споделувањето премногу информации може да ви се удри од глава?

Дали можете да споделувате лични информации со шефот и да очекувате дека тоа нема да ви влијае негативно на неговото гледиште кон вас?

Лиз Вилијани е основач на #BeYourselfAtWork, глобално движење кое е посветено на креирање на нов начин на работење.

Таа вели дека кога станува збор за односот со шефот, треба да направите баланс помеѓу автентичност и отвореност и професионализам.

Што треба да споделувате со шефот, според Лиз?

„Во ред е да споделите како се чувствувате. Всушност, не многу луѓе споделуваат како се чувствуваат, дали се возбудени или уморни, а треба.

Исто така, важно е да ги споделувате своите мисли и амбиции.

Многу е важно да го правите тоа, затоа што многу луѓе не го прават и потоа се прашуваат зошто другите добиваат унапредување пред нив.

Плус, ако не се чувствувате добро и ви се случило нешто надвор од работа, кажете отворено, за луѓето да не ве сфатат погрешно.“

kolku-informacii-treba-da-spodeluvate-so-shefot-preteruvate-li-02.jpg

Што не треба да споделувате со шефот никогаш?

„Не смеете да покажете несигурност, на тој начин ќе изгледа како да немате контрола врз тоа што го правите. Ќе креирате негативна слика на вработен кој губи време, наместо да блесне со ефикасност.

Исто така не озборувајте, иако тоа е тешко на моменти. Па, кој не сака да сподели тајна или две?

Сепак, никако не ги озборувајте колегите, сепак постои и онака доволно токсичност во секоја фирма. Кога ќе почне озборувањето, вие сменете ја темата“.

Дали треба да споделувате детали од приватниот живот со шефот?

„Во ред е да споделувате некои лични информации, но подвлечете линија до каде.

Вистински добра конекција на работното место значи дека постои доверба меѓу вас. Довербата доаѓа од знаење малку повеќе еден за друг и минување повеќе време заедно.

Чудно е ако не знаете малку за шефот, како кое е името на неговата сопруга и деца, а истото важи и обратно.

Плус, ако споделите нешто приватно, шефот може да биде трогнат што имате доверба во него и му го кажувате тоа“.

kolku-informacii-treba-da-spodeluvate-so-shefot-preteruvate-li-03.jpg

Дали да споделувате повеќе информации кога сте надвор од канцеларијата?

„Секогаш бидете најдобрата верзија од себеси, луѓето околу вас сепак ви се колеги или претпоставени и ќе креираат впечаток за вас, без разлика што сте на страна од работното место.

И ако случајно имате вечер со испади пред шефот, на пример премногу алкохол, наредниот ден не се жалете за тоа, само фатете се за работа и покажете дека денес сте одлични.“

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg