Искрени исповеди: По што ќе познаете лош шеф?

„Редовно заглавување прекувремено и гледање на тоа како да е нешто нормално. Не, не е! Не е во ред фразата ‘Ние остануваме додека работата не биде сработена’“.

iskreni-ispovedi-po-shto-kje-poznaete-losh-shef-01.jpg

Каков шеф имате? Или со какви шефови се имате судрено во текот на животот?

Луѓе на Reddit откриваат кои се црвените сигнали дека еден претпоставен не е добар.

Дел од нивните заклучоци какви особини имаат лошите шефови:

„Продавање на ‘култура’ како треба да се однесувате на работа, кога вие само сакате да бидете платени, да работите разумен број на работни часови со компетентни колеги, кои ве почитуваат. Не ви е толку грижа за забавите и психолошките сеанси“.

„Понуда да бидете платени многу помалку од што треба, само затоа што на тоа работно место ќе имате многу поголеми шанси да научите бидејќи ќе работите со одличен тим. Супер е стекнатото знаење, но не ви го плаќа кредитот за стан“.

iskreni-ispovedi-po-shto-da-poznaete-losh-shef-03.jpg

„Кога претпоставениот ќе отпушти работник и не вработува никој на неговото место. Наводно е привремено, а всушност штеди пари и ги претоварува со работа останатите работници“.

„Сите кои работат во фирмата се под 35 години. Хм, нешто е сомнително, дали работата е во ред?“

iskreni-ispovedi-po-shto-da-poznaete-losh-shef-04.jpg

„Кога не добивате никакви замерки за работата, но тие се тука веднаш штом побарате покачување на плата. Наеднаш вашата работа се преиспитува и вие не сте доволно добри“.

„Кога шефот зборува лошо за другите вработени за да направи да се чувствувате специјално, значи дека ќе зборува и за вас, штом излезете од неговата канцеларија“.

„Редовно заглавување прекувремено и гледање на тоа како да е нешто нормално. Не, не е! Не е во ред фразата ‘Ние остануваме додека работата не биде сработена’“.

С. С. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg