Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да се справите со љубомората кон колегите на работа?

Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да го гледате успехот на вашите колеги како закана, гледајте на тоа како на нешто инспиративно што може да го искористите во иднина.

im-ljubomorite-na-kolegite-za-postignatiot-uspeh-soveti-kako-da-se-spravite-so-toa-neprijatno-chuvstvo-01.jpg

Љубомората не е нешто невообичаено и, додека е во граници, таа е нормално чувство кое го искусува секоја личност. Покрај другите видови љубомора, постои и љубомора кон колегите, која е доста честа.

Без разлика дали станува збор за унапредување, покачување на плата, доделување одредено признание за успех на колегата и слично, справувањето со чувството на љубомора е од витално значење за одржување на здрава работна средина.

Сигурно повеќето од вас се имаат најдено во слична ситуација и тоа не е нешто невообичаено. Но, мора самите да пронајдете стратегија која ќе ви помогне да се справите со тоа чувство и да одржувате позитивни односи на работното место.

Применете некои од овие совети со цел да се справите со љубомората која ја чувствувате кон вашите колеги:

Потрудете се да ги разберете вашите чувства

Најпрво, потрудете се да го пронајдете коренот од каде што потекнуваат вашите чувства на љубомора.

Размислете дали љубомората доаѓа од тоа што вие сте несигурни, дали сте се натпреварувале за иста работа со вашите колеги, дали посакувате ист или сличен успех…

Идентификувањето на изворот е клучно за решавање на проблемот.

im-ljubomorite-na-kolegite-za-postignatiot-uspeh-soveti-kako-da-se-spravite-so-toa-neprijatno-chuvstvo-02.jpg

Променете го начинот на кој гледате на работите

Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да го гледате успехот на вашите колеги како закана, гледајте на тоа како на нешто инспиративно што може да го искористите во иднина.

Нека тоа ви биде мотивација, а не причина за љубомора. Така, ќе се фокусирате на вашите цели и нема да бидете исполнети со негативна енергија која нема да ви дава да одите понатаму.

im-ljubomorite-na-kolegite-za-postignatiot-uspeh-soveti-kako-da-se-spravite-so-toa-neprijatno-chuvstvo-03.jpg

Радувајте се на туѓиот успех и прославете го тоа

Создајте позитивна работна атмосфера и прославете го успехот на вашите колеги. Честитајте, изразете восхит, покажете учтивост.

Не само што ќе создадете подобра атмосфера, туку на овој начин ќе ги зајакнете и односите со вашите колеги кои, секако, во иднина ќе може да бидат тука за вас, па и да го прослават вашиот успех.

im-ljubomorite-na-kolegite-za-postignatiot-uspeh-soveti-kako-da-se-spravite-so-toa-neprijatno-chuvstvo-04.jpg

Поставете си лични цели

Насочете ја енергијата од љубомора, кон поставување на лични цели.

Можеби успехот на колегите ќе ве натера да размислите за тоа кои се вашите цели и како вие си го зацртувате патот за да стигнете до нив.

Можеби со тоа што ќе го прославите туѓото постигнување, вие ќе согледате некои нови ваши можности кои ќе ве водат кон личен успех.

Фокусирајте се на вашите лични желби и надградувајте се постојано, а ако се опседнете со чувството на љубомора, тоа нема да го постигнете никогаш.

im-ljubomorite-na-kolegite-za-postignatiot-uspeh-soveti-kako-da-se-spravite-so-toa-neprijatno-chuvstvo-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg