Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5-те најголеми маки на докторите во Македонија и светот

На докторите на моменти им е потребна магија за да функционираат правилно во системот од кој се дел. Понекогаш бирократијата, понекогаш политиката, понекогаш недостигот од персонал, понекогаш ограниченоста на средствата прават големи проблеми за нив.

5-te-najgolemi-maki-na-doktorite-vo-makedonija-i-svetot-01.jpg

Да се биде доктор е навистина хумана и ценета работа, но кои аспекти ја прават оваа професија на моменти тешка?

Што им паѓа најтешко на докторите?

Функционирање во лошо поставен државен здравствен систем

На докторите на моменти им е потребна магија за да функционираат правилно во системот од кој се дел.

Понекогаш бирократијата, понекогаш политиката, понекогаш недостигот од персонал, понекогаш ограниченоста на средствата прават големи проблеми за нив.

Се случува во сурови услови да се борат да го истретираат пациентот најдобро што можат.

5-te-najgolemi-maki-na-doktorite-vo-makedonija-i-svetot-02.jpg

Справување со неблагодарни пациенти и роднини на пациенти

Понекогаш токму оние на кои најмногу им е потребен доктор се оние кои на тој доктор му предизвикуваат главоболки.

Од неподготвеност за соработка до неблагодарност... Се случува пациенти да одбиваат да ги слушаат јасно дадените совети, па да гуглаат лекови на интернет, па да се жалат од третманот на социјалните мрежи и дури и да ја извртат вистината.

Запомнете дека и докторите се луѓе со емоции и ограничено трпение. Тие работат напорно и за нив некогаш многу значи и само еден збор за благодарност и една насмевка.

5-te-najgolemi-maki-na-doktorite-vo-makedonija-i-svetot-03.jpg

Долги работни часови

Кога ќе ја изберат професијата, докторите понекогаш не размислуваат за тежината на дежурствата и на долгите работни часови.

Колку повеќе се посветени на професијата, толку помалку имаат време да обрнат внимание на другите аспекти од нивниот живот, па често се случува да го запостават приватниот живот, како партнер и деца.

Работата како доктор комплетно ви го окупира и дефинира животот.

5-te-najgolemi-maki-na-doktorite-vo-makedonija-i-svetot-05.jpg

Колеги кои се „волци во овчо руно“

Ова е дефинитивно еден од најфрустрирачките аспекти на работата, кога луѓе во исти бели мантили, како и тие, им прават сопки.

Од завидливи колеги до лошо поставени луѓе на раководните функции, докторите секој ден мораат да се соочуваат и справуваат со нив.

5-te-najgolemi-maki-na-doktorite-vo-makedonija-i-svetot-06.jpg

Смрт насекаде околу нив

Не сите приказни имаат среќен крај, особено за одредени гранки од медицината, па докторите мора да се соочуваат со смрт на пациенти на редовна база.

Можеби мислите дека се навикнуваат со текот на времето, но вистината е дека смртта на секој пациент ги погодува дури и најискусните доктори.

5-te-najgolemi-maki-na-doktorite-vo-makedonija-i-svetot-04.jpg

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
7 квалитети кои надредените ги ценат кај вработените (заради кои сте незаменливи) Лидерство и мотивирање колеги дури и кога немате авторитетна позиција, јасна ком...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg