Превземете одговорност

prevzemete-odgovornost-povekjeНајлесно е за својот неуспех и незадоволство да ги обвинувате другите. Државата е виновна што немам работа. Работодавачот затоа што немам време за семејството.

Родителите се виновни што не нè научиле да се избориме за себе во животот па затоа денеска имаме многу помала плата отколку што заслужуваме. Модерната технологија затоа што сме заборавиле да комуницираме со луѓето во живо, па со пријателите се наоѓаме на чат наместо на кафе.

Ваквиот начин на размислување е симптоматичен за луѓето кои не научиле да се носат со сопствена одговорност за животот. Тие научиле да изигруваат секогаш жртви и да ги тераат луѓето околу нив да ги сожалуваат.

Психологот Сузан Џефер вели дека во потполност сами владееме со ситуацијата иако голем број луѓе тешко го prevzemete-odgovornostприфаќаат фактот дека никој друг не е виновен за нашата несреќа и незадоволство.

Но, кога еднаш ќе се соочиме со тој факт и ќе го прифатиме во потполност, ќе ни биде многу полесно да се соочуваме со проблемите во животот и да ги елиминираме оние работи кои влијаат врз нашата среќа.

Секое утро сами одлучуваме како ќе ги прифатиме случувањата во текот на денот.

Можеме наутро да се разбудиме и да одлучиме да бидеме среќни, со радост да го прифатиме новиот ден и предизвиците со кои ќе се соочиме, или можеме да одлучиме да бидеме несреќни, да ја преколнуваме лошата судбина и да и се препуштиме. Ние ви предложуваме да се тргнете од песимизмот и да станете активни.

За почеток бидете свесни за многуте избори кои ви се нудат во секоја ситуација. Секогаш постои и друга опција.

Прифатете го фактот дека во потрага по нова работа еден период ќе бидете невработени. Прифатете помали примања заради дружење со семејството и пријателите.

Кога еднаш ќе се решите цврсто да превземете одговорност за својот живот, лесно ќе ги воочите приоритетите и работите кои ве прават задоволни, само треба да ги послушате внатрешните гласови и ќе знаете што да правите.

За почеток, не ги обвинувајте другите за она што сте, имате, работите или чувствувате, но исто така не се обвинувајте ни себе си. Постојаното враќање во минатото, требаше вака да направам, не требаше да одам, само ќе ви наштети и ќе ве повлече назад.

Тука сте каде што сте, важно е свесно да се носите со тоа. Но, секогаш размислете зошто сте се нашле во кругот на незадоволство. Што ве направило неактивни и ве спречило да превземете одговорност за својот живот.

Би можело да ве интересира:

Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg