5 трикови за успешно организиран работен ден

Успешните луѓе се познати по тоа што имаат добро организирани работни денови, знаат точно што и кога треба да направат, имаат зацртани цели и секојдневно  храбро се стремат кон остварување на истите.

5-trikovi-za-uspesno-organiziran-raboten-den-01

За да бидете професионални и успешни во организацијата на својот работен ден, мора прво да го дефинирате поимот време. Времето за секого има субјективна проценка, бидејќи едни сметаат дека за пишување текст еден час е премногу, други пак сметаат дека им се потребни дури два часа за истото. Некој мисли дека е потребно секојдневно да се гледа со партнерот, за други, пак, тоа е губење време.  Според тоа, најважно е да верувате дека вие управувате со вашето време.

Доколку повеќе би сакале да се излежувате цел ден, да гледате телевизија и да не го планирате времето, тогаш овој текст не е за вас.

Но, доколку сметате дека вашето време е важно и сакате вешто да го искористите, тогаш ви даваме 5 совети со кои ќе имате успешно организиран работен ден.

1. Испланирајте го утрешниот ден уште од претходната вечер

Пред да си легнете, осигурете се дека утрешниот ден ќе го почнете со некаква цел. Запишете ги своите планови за утрешниот ден во планер. Би требало да испланирате барем 4 активности за секој ден: една би требало да биде во врска со работата, една за некоја лична активност и две активности за работа врз остварувањето на вашите соништа.

2. Предвидете ги и негативните фактори

Избегнете го нервирањето, така што ќе го исполните целиот план. Ако испланирате дека една работа ќе ја завршите од 8:00 до 8:45, а следната веднаш по неа, од 8:46 до 10:00, верувајте дека една од нив нема да биде успешна. Затоа,  мора во планот да оставите простор за непредвидливи ситуации кои се случуваат во текот на денот, фактори кои ќе ве попречат или ќе ви ги одложат активностите и време за пауза од една активност до друга. Така со сигурност ќе имате успешен ден без нервози.

5-trikovi-za-uspesno-organiziran-raboten-den-02

3. Започнете го денот со извршување на нешто особено важно

Кога јадете, прво изедете го тоа што помалку ви се допаѓа, а послаткото оставете си го за уживање подоцна. Истото е и со обврските и работата. Доколку треба да завршите некоја важна обврска во текот на денот, прво тоа направете го. На овој начин, подоцна дури и ништо друго да не успеете да завршите, ќе бидете задоволни, што сте извршиле барем некоја важна обврска.

4.  Kористете апликации за следење на времето

Секако дека повремено може да проверувате што се случува на вашиот Фејсбук или Твитер профил, но да не заборавите дека сè што треба да направите за успешен ден е да имате план и да не дозволувате ништо да ве одвлече од него. А, ако сепак, успее нешто да ви го оттргне вниманието, забележете само колку долго се задржувате на нешто што не е во рамките на вашата работа или цел.

5. Прифатете го фактот дека не може сè во еден ден

Не можете сè да завршите во еден ден. Наместо да започнете некој голем проект и да се брзате да го завршите во еден ден, подобро поделете го на неколку сегменти, така што ќе можете да работите посериозно на него, два - три или неколку денови. Не се нервирајте доколку не успеете да завршите баш сè во еден ден. Ќе ги завршите следниот пат, со подобра организација и внимавање на претходно направените пропусти и грешки.

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg