Успешна кариера само со 7 совети

Секојдневно ни е потребна мотивација и инспирација за успешен работен ден. Но, има неколку совети кои ако ги следите и применувате, успешната кариера ви е загарантирана.

uspeshna-kariera-samo-so-7-soveti-01

Ако се родите сиромашни, тоа не е ваша вина. Но ако умрете сиромашни, вие сте виновни

Кога се раѓаме, не можеме да ја одбереме нашата финансиска состојба, но животот ни нуди доволно шанси, кои зависно како ќе ги искористиме, ќе направат од нас богати или сиромашни.

Да се наследи лош карактер е несреќа, но да се изгради цврст карактер, тоа е успех

Понекогаш гените играат голема улога во нашиот карактер. Но, животните ситуации во кои се наоѓаме и реакциите кои ги правиме, како и грешките од кои учиме, можат да го сменат нашиот карактер, да го зајакнат и да го подобрат.

Вашето раѓање може да биде сосем обично, како сите останати, но заради вашите дела вашата смрт може да влезе во историјата

Има многу славни личности од сите области кои се запаметени и запишани во историјата  по нивната смрт, заради делата кои ги направиле во текот на животот. Само оние со големи и значајни дела во животот, можат да живеат и по смртта.

Не следете никој, но учете од секој

Не треба никого да имитирате и копирате, бидејќи секогаш ќе бидете само лоша копија на оригиналот. А тоа не е никогаш доволно добро. Но, не ги игнорирајте другите. Секогаш учете од сите, дури и од најлошите.

Вежбајте и работете ѓаволски, но играјте ангелски

Важно е да работите и да се трудите максимално, да правите сè и да вложувате многу. Можеби понекогаш треба да бидете и строги и лути кон самите себе, но кога настапувате пред други, треба да бидете фини, насмеани и остроумни. Никогаш внатрешниот бес, не треба да го покажувате пред останатите. Само така нема да ги откриете слабите точки и ќе бидете на исто рамниште со вашата конкуренција.

„Сработи и умри“ е застарен концепт. Новиот концепт е: „Изработи сè пред да умреш“

Целта дека до крајот на животот треба само да работите и дури откако ќе умрете да се знае дека сте ја завршиле работата, е застарен концепт. Треба да работите напорно, но брзо. Во новото време кога сè е побрзо од порано, многу порано треба да ја завршите главната мисија, а потоа до крајот на животот да ја одржувате, напредувате и да ѝ се заблагодарувате, собирајќи ги плодовите на успехот и уживајќи пред да умрете.

Сакајте ги сите, но верувајте им само на неколкумина

Не треба да ги мразите луѓето и да си создавате непријатели. И вие ќе се чувствувате подобро доколку немате негативни чувства во себе. Така многу подобро и попозитивно ќе функционирате. Но, не знаете какви луѓе има од другата страна. Затоа најдобро е да бидете внимателни и заштитени. Можете сите да ги сакате на овој или оној начин, но можете да им верувате само на неколкумина, исклучително блиски кои верувате дека не би ве изневериле во ниеден момент и кои се подолго време со вас.

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg