5 навики на богатите кои секој може да ги примени

Не морате да бидете милионер за да можете да ги примените овие навики во својот живот, кои се многу чести меѓу богатите и успешните луѓе.

5-naviki-na-bogatite-koi-sekoj-moze-da-gi-primen-01

Ова се некои од нив:

1. Не одат во пензија како сите останати

Повеќето Американци одат во пензија до 61 година, но најбогатите, оние кои заработуваат повеќе од 75.000 долари годишно, не одат во пензија пред 70 години. Пола од овие луѓе кажуваат дека е одлично да работат до 70 години затоа што така сакаат.

2. Се будат пред сите за да имаат 1 час за мирно размислување

Сигурно сте се запознале со фактот дека оние кои најмногу заработуваат стануваат многу рано. Она што не сте го знаеле е тоа што извршните директори и луѓето на водечки позиции работат многу рано. Тие не ги прегледуваат меиловите штом станат, бидејќи тоа можат да го направат и во текот на денот или на некоја пауза подоцна. Во тој час на мир и тишина наутро тие размислуваат за големите работи кои треба да ги направат, осмислуваат проекти, прават важни планови и размислуваат за приоритетите.

3. Не ги игнорираат споредните работни понуди

Овие луѓе не се сконцентрирани само на работата која им овозможува да се искачат скалило погоре. Често се занимаваат и со оние работи кои не се толку важни или дури и такви кои ги спуштаат скалило подолу ако во нив гледаат можност за профит и иднина. Ова би требало да го практикуваат сите. Ако постои можност да се префрлите во некоја друга фирма која не е толку моќна како вашата моментална, но затоа се занимава со областа која е во развој и која наскоро треба да оствари профит, би требало да размислите околу тоа.

4. Не купуваат кога можат нешто да позајмат

Ако не сте сигурни дека можете да ја отплатите куќата, не ја купувајте. Изнајмувањето стана популарно, па дури и најдобрите кои можат да си дозволат сè да купат, почесто се одлучуваат да позајмат ако можат. Ако не сте сигурни дека ќе поминете повеќе од 5 години на едно место не го купувајте.

5. Не купуваат ништо додека не ги споредат цените

Повеќето богати луѓе главно купуваат производи преку интернет, што им ја олеснува постапката за споредување цени. Имотните луѓе речиси секогаш ги споредуваат цените на производите на неколку сајтови, па дури потоа го купуваат производот.

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg